Einzeltitel - КАНЦЕЛАРИЈА НА ФОНДАЦИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
This portlet should not exist anymore
Наградата за средношколско учество се доделува на годишно ниво, на ЕДНА ученичка заедница која демонстрира активност и посветеност кон унапредување на училишната демократија. Преку наградата за средношколско учество сакаме да дадеме наш поттик и придонес за средношколското учество во нашата земја, но и да ги препознаеме, наградиме и поддржиме позитивните примери во делувањето на средношколците.
Првата награга за ученичко учество за учебната 2021/2022 година беше доделена на :
- СУГС „Орце Николов“-Скопје
- ОСУ „Св.Климент Охридски“-Охрид
- СОУ „Коста Сусинов“-Радовиш
Наградата за средношколско учество – најГЛАСни! е поддржана и од Сојузот на средношколци на РСМ кое претставува најголемото претставничко тело на средношколците.
Како да се пријавите?
Пријавување за наградата се врши електронски со пополнување на пријавата на следниот линк:
https://bit.ly/3FQD5C0 (македонска верзија)
https://bit.ly/3lOiXcX (албанска верзија)
Пријавата мора да е целосно и детално пополнета заедно со пропратните документи кои се бараат во истата. Таа мора да биде пополнета од страна на ученик/ученици и одговорен наставник кои се дел од раководството на средношколската ученичка заедница во рамки на училиштето.
Рокот за пријавување истекува на 23.04.2023 година.
Што следува по истекување на рокот за аплицирање?
По истекот на рокот сите апликации ќе бидат оценувани и од нив ќе се селектираат 6 финалисти кои од 9 до 11 мај во Велес на финалниот настан ќе имаат можност да се претстават пред жири комисија.
Секој финалист ќе биде составен од четири претставника (три ученика и одговорниот наставник) од избраните ученички заедници. На три-дневниот настан финалистите ќе имаат можност да ја претстават работата на средношколската ученичка заедница.
Кои се критеирумите за избор на финалистите?
Критериумите за избор се следни:
Уреденост и начин на функционирање на ученичката заедница – максимум 25 поени
Степен на влијание и учество во консултации и носење на одлуки во рамки на училиштето – максимум 25 поени
Степен на активност во спроведување на различни активности и вклучување на учениците во истите – максимум 20 поени
Примери за ученичко учество
Ученичкото учество во нашата земја сеуште не е докрај развиено и често постојат погрешни разбирања за што претставува истото:
Од што се состои наградата?
Наградената училишна заедница ќе добие признание, плакета и банер со наградата и со логото и името на нивната ученичка заедница. Наградената ученичка заедница, покрај признанието, ќе добие и финансиска поддршка во висина од 30.000 МКД за реализација на активност во рамки на своето училиште до крајот на 2023 година. Покрај ова тие ќе добијат насоки и менторство од страна на ЛЕАД и КАС за како да ја подобрат својата работа и како да ја спроведат замислената активност/иницијатива.
Индикативна временска рамка на целиот процес
Објавување на повик за Награда за средношколско учество е 27 март 2023.
Онлајн информативна сесија за повикот е на 6 април 2023 (пријави се на следниот ЛИНК: https://bit.ly/3FW2o5P)
Отворен ден за повикот е на 7 април 2023 (пријави се на следниот ЛИНК: https://bit.ly/3LUB0sO)
Финален рок за аплицирање е 23 април 2023
Известување за избрани финалисти е на 2 мај 2023
Завршен настан за финалисти и избор на средношколски ученички заедници: 9-11 мај 2023
Реализација на иницијатива на наградената средношколска ученичка заедница: Септември-декември 2023