Asset Publisher

Einzeltitel

Наградата за средношколско учество „НајГЛАСни!„

Фондација Конрад Аденауер и Здружение Лидери за едукација, активизам и развој со поддршка на Сојузот на средношколци, како активни поддржувачи и промотори на ученичкото учество низ изминатите години, ја воведуваат наградата за средношколско учество, како признание за активноста и работата на овие ученички тела во насока на унапредување на положбата на учениците во своите училишта и вклучување во училишните процеси.

Asset Publisher

На почеток

Наградата за средношколско учество ќе се доделува на годишно ниво, на ученичките заедници кои демонстрираат активност и посветеност кон унапредување на училишната демократија. Преку наградата за средношколско учество сакаме да дадеме наш поттик и придонес за средношколското учество во нашата земја, но и да ги препознаеме, наградиме и поддржиме позитивните примери во делувањето на средношколците.

Во рамки на овој повик ќе бидат избрани 3 средношколски заедници кои во изминатиот период со своето делување придонеле за средношколското учество во нивните училишта и кои имаат план и визија за периодот кој следува.

Пријавување за наградата се врши електронски со пополнување на пријавата на следните линкови:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdBL4gOSUhcByv7wlhCNTOZ69KgiFRNEQ-69ohx_GPkQua2bw/viewform (на македонски јазик)

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe7w0VV34GNAeh_fwVbdfYPZnkP9nmxysrHRbkZQfgVCwdaHw/viewform (на албански јазик)

Пријавата мора да е целосно и детално пополнета заедно со пропратните документи кои се бараат во истата. Таа мора да биде пополнета од страна на ученик/ученици и одговорен наставник кои се дел од раководството на средношколската ученичка заедница во рамки на училиштето. Рокот за пријавување истекува на 20.02.2022 година.

 

Секоја наградена училишна заедница ќе добие признание, плакета и банер со наградата и со логото и името на нивната ученичка заедница. Трите ученички заедници, покрај признанието, ќе добијат финансиска поддршка во висина од 10.000 МКД за реализација на активност во рамки на своето училиште до крајот на учебната година 2021/2022. Покрај ова тие ќе добијат насоки и менторство од страна на ЛЕАД, КАС и ССРСМ за како да ја подобрат својата работа и како да ја спроведат замислената активност/иницијатива.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Sandra Koljackova

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

sandra.koljackova@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher