Asset Publisher

Einzeltitel

НајГЛАСни! - годишна награда за средношколско учество

НајГЛАСни! е годишна награда за средношколско учество која се доделува на Ученичката/те заедница/а која придонела најмногу за ученичкото учество во своето училиште. Наградата за ученичко учество најГЛАСни! ја доделуваат Фондацијата Конрад Аденауер, LEAD и Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија. Таа е наменета за ученичките заедници кои во текот на една учебна година придонесуваат за учество на учениците во донесување на одлуки во своите училишта.

Asset Publisher

Тоа значи дека учениците:

  • Демократски ги избираат своите претставници без влијание на наставниците;
  • Учениците самостојно се организираат, ја планираат и реализираат годишната програма;
  • Ученичката заедница уредно го документира своето работење преку записници и фотографии;
  • Учениците дискутираат за важни прашања, поднесуваат предлози до училишното раководство и се борат истите да бидат прифатени;
  • Учениците се консултирани од страна на раководството на училиштето за важни прашања од нивен интерес;
  • Учениците самостојно планираат и реализираат воншколски активности;

Зошто се доделува најГЛАСни?

Демократијата, демократските вредности и свесноста за граѓански ангажман се вежба од мали нозе. Средните училишта и ученичките заедници се одлична можност за градење на млади луѓе кои се свесни, информирани и имаат самодоверба да предлагаат решенија и се чувствуваат вклучени.

За жал, ситуацијата со средношколците и нивното учество е сосема обратна. Според последните истражувања на Младинскиот образовен форум, 1 од 3 средношколци сметаат дека не можат ништо да променат во своите заедници. Повеќе од половина од средношколците го задржуваат своето мислење за време на часовите. 86,1% од средношколците сметаат дека немале предмети со кои ќе се информираат за важни општествени теми и случувања. Според последното истражување на LEAD и KAS, 22% од наставниците влијаеле на изборот на ученички претставници.

Со наградата најГЛАСни! сакаме да дадеме наш придонес кон зголемена демократизација во училиштата и да претставиме успешни примери и практики на вклученост во донесување на одлуките во средните училишта.

Претходни добитници на наградата најГЛАСни:

Учебна година 2021/2022

  • Ученичка заедница на СУГС „Орце Николов“-Скопје
  • Ученичка заедница на ОСУ „Св.Климент Охридски“-Охрид
  • Ученичка заедница на СОУ „Коста Сусинов“-Радовиш

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher