Asset Publisher

Einzeltitel

Односите со јавноста и интеркултурализмот: комуникација и информирање за Охридскиот рамковен договор

Во издание на претставништвото на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје излезе од печат публикацијата со наслов „Односите со јавноста и интеркултурализмот: комуникација и информирање за Охридскиот рамковен договор“ на авторката д-р Марина Тунева.

Asset Publisher

Се работи за прв научен труд со којшто се анализира примената на стратегиите и техниките во односите со јавноста во однос на реализацијата на Охридскиот рамковен договор (ОРД) и се испитува одговорноста, улогата и пристапот во комуникацијата со јавноста од страна на надлежните институции и тела во врска со ОРД.

Трудот ја потврдува важноста на комуникациските стратегии и политиките на кохезија и интеграција во подобрувањето на интеркултурните односи во општеството. Според авторката, интеграцијата во општеството не може да се афирмира без интеграција, поврзаност и синхронизирање на комуникацијата во самите институции, а последователно на тоа и во комуникацијата со јавноста.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher