Asset Publisher

Публикација

Политичка мисла бр. 64

Снабдување со енергија во иднина: Помеѓу заштита на климата и недостиг на енергија

Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија „Социетас Цивилис„ ви го претставуваат 64-тото издание на списанието Политичка мисла.

Asset Publisher

Сподели

Од пред речиси еден век модерниот човеков живот не може да се замисли без безбедно снабдување со енергија и одвај да постои место на светот што може да се откаже од неа. Истовремено, типот на производство на енергија за електрицитет и мобилност нè исправи пред значителни еколошки и климатски предизвици, бидејќи согорувањето на фосилните енергенси создава јаглерод диоксид што е штетен за климата, т.е.  намалувањето и транспортот исто така носат многу ризици за животната средина. Атомската енергија не претставува никаква алтернатива за многу земји, особено за Германија поради катастрофите во Чернобил и Фукушима и нејасните прашања за крајното складирање.

Веќе започнатиот пат на енергетска трансформација кон обновливи енергии активно се спроведува во многу региони во светот. Па, така ЕУ усвои пакет за трансформација, Зелен договор, кој чини билиони како и истовремено оданочување при засилено создавање на јаглерод диоксид, за да ја забрза севкупната општествена трансформација во земјите-членки на ЕУ. Рускиот напад врз Украина на 24.02.2022 година ги исправа пред драматични проблеми речиси сите земји на земјата што се без сопствени енергетски ресурси, поради скок на цените на енергетските пазари што одвај можеа да се очекуваат. Преодното користење на руски гас планирано во Германија, кој како фосилно гориво предизвикува помали проблеми за животната средина, го доведува во прашање првобитно осмислениот временски план за енергетската трансформација. Во Европа размислувањата се движат од продолжување на рокот на користење на термоцентралите на јаглен, до пролонгирање на напуштањето на користењето на атомската енергија, па сè до проекти за нови градби. Дури и новата сојузна влада во Германија која стартуваше многу амбициозно околу енергетските и еколошките прашања мораше да ги прилагоди своите цели и да ги стави настрана, а при продолжување на руската агресија ќе бидат потребни понатамошни прилагодувања, кои би можеле, во даден случај, да значат откажување од енергетскиот пресврт и да бараат досега незамисливи нови мерки.

Оттука, една од најзначајните мерки на енергетско-политичките откажувања од изминатите месеци, е да се штеди енергија преку подобрена ефикасност во потрошувачката како и однесувањето без да бидат комплетно оставени на страна итните прашања за животната средина. За земјите од Западен Балкан ова претставува огромен предизвик. Од една страна, добивањето на енергија сè уште се базира на застарени термоцентрали на јаглен што се неефикасни и крајно штетни за животната средина т.е. многу луѓе со ниски приходи согоруваат отровни материјали, така што токму во главните градови на регионот во зима се постигнуваат не многу ласкави рекорди кога се мери загадувањето на воздухот, кое е крајно штетно по здравјето. Од друга страна, цените на енергијата што се во пораст, на земјите од регионот им оставаат малку простор за прилагодување, бидејќи финансиските ресурси на државите се крајно мали. Освен тоа, земјите мора како продолжена лон-работа на ЕУ и извозници исто така да спроведат оданочување на создавањето на јаглерод диоксид, а тоа влијае и врз конкурентноста и врз приходите. Истовремено ситуацијата не е безизлезна, бидејќи има многу потенцијали за обновливи енергии, енергетска ефикасност и регионална соработка, но сепак, и на овој план ЕУ мора да биде партнер. Затоа е потребен повеќе напор кај политичките елити и добро владеење како и понатамошна промена на свеста кај граѓаните, бидејќи често пати не се користи внимателно енергијата, и покрај тоа што цените се во пораст.

Во нашето актуелно специјално издание дискутираме околу овие актуелни прашања, давајќи придонес кон севкупната дебата за темата што ќе биде број еден во иднина.

Ви посакувам пријатно четиво.
Ваш,

Даниел Браун

 

Asset Publisher

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Sandra Koljackova

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
sandra.koljackova@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher