Asset Publisher

Einzeltitel

ПОЛИТИКА И РЕТОРИКА

Публикацијата “Политика и реторика” е заеднички труд на доц. Д-р Александар Спасеновски и Д-р Јован Андоновски кое настојува понатаму да го разјасни односот политика– реторика, разработувајќи го истиот во еден општ(теоретски) контекст, но и во конкретна (практична) смисла преку примерот со Република Македонија (РМ).

Asset Publisher

Делото е составено од три дела. Првиот дел од книгата кој се занимава со темата „политика“ составен од две глави, при што во прва-та со наслов: „Воведни и теоретски прашања“ се ана-лизирани клучните поими, процеси и категоризации какви што се поимите политика и власт, во чии рамки се обработуваат особеностите на една законодавна, извршна и судска власт, а потоа, врз основа на изне- сеното, следува осврт на клучните системи на органи- зација на државната власт, односно парламентарниот, претседателскиот, мешовитиот и собранискиот систем. Таквата теоретска основа во втората глава од овој прв дел на книгата со наслов: „Аспекти на поли- тиката во РМ“ добива практична смисла во нејзините две глави: првата, во која е направена анализа на системот на организација на државната власт во РМ, и втората глава, во која е направен осврт на конкрет- ните уставно-правни аспекти на партискиот систем на нашата држава.

Таквата теоретска основа во втората глава од овој прв дел на книгата со наслов: „Аспекти на политиката во РМ“ добива практична смисла во нејзините две глави: првата, во која е направена анализа на системот на организација на државната власт во РМ, и втората глава, во која е направен осврт на конкретните уставно-правни аспекти на партискиот систем на нашата држава.

Вториот дел од книгата, пак, посветен на реториката, се состои од шест дополнителни глави.

„Поим на реторика“ е даден осврт на прашањата: од каде потекнува реториката, како е дефинирана, што е цел на реториката и што не може да се класифицира како реторика. Во следната глава, пак, со наслов „Видови реторика“ е направена логична транзиција кон поделбата на говорите, односно реториката врз основа на следните параметри: содржината на говорот, начинот на подготовка, според аудиториумот и според техниката. Во главата што се надоврзува со наслов „Значење на реториката“ е направен обид да се изложат јасните причини зошто реториката е значајна, особено за изучувањето и практикувањето на политиката, нејзините релации со етиката и кои се најзначајните функции на реториката. Конечно, четвртата глава е посветена на реториката во современиот век и нејзиниот однос со т.н. стара реторика. Понатаму, петтата глава од книгата е посветена на „Посебната реторика“ со што се прави спој помеѓу теоријата и праксата. Во неа се елаборирани основните елементи на практичната реторика: говорникот, публиката и говорот, како „свето тројство“ на реториката. Направен е и обид да се прикаже модел на организациска поделба на говорот со посебен фокус на стиловите на говор. На крајот, посебна, шеста глава е посветена на мостот помеѓу насловот на оваа книга: политичката реторика. Следејќи ја логиката на претходната глава, политичката реторика е разработена низ моделот: говорник, аудиториум и говор.

На самиот крај, пак, врз основа на изнесените информации во првиот и во вториот дел од книгата, се поместени заклучните согледувања.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher