Asset Publisher

Einzeltitel

ПОЛИТИЧКИ ЕЛИТИ, ГРАЃАНСТВО И ОПШТЕСТВЕНИ ПРОМЕНИ

ПОЛИТИЧКА МИСЛА 52

Пред вас е педесет и вториот број на списанието „Политичка мисла“ кое како и досега излегува во соработка на фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје.

Asset Publisher

Нашите редовни читатели веднаш ќе забележат дека овој број е во многу аспекти променет во однос на претходните броеви на списанието. Пред сè, визуелниот изглед на списанието е подобрен со цел да изгледа попримечиво за нашата читателска публика. Што се однесува до самиот уредувачки одбор, од овој број тој претрпе темелна промена, поттикната од динамиката на темите и опфатот кој списанието сака да ги има во иднина. Во таа смисла, дел до уредувачкиот одбор на списанието остана ист, но дел се промени. Во овој број, уредувачкиот одбор реши да направи и еден голем исчекор во списанието коешто сега ќе биде форматирано по урнекот на наjдобрите академски и аналитички списанија во областа на општествените науки. Имено, наместо тематски броеви, „Политичка мисла“ се отвора за формат кој нема да има вакво ограничување, туку има намера да опфати теми кои се актуелни во моментот во политичката теорија, општествените случувања или сродните области.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher