Asset Publisher

Einzeltitel

Попис 2021: Приказ на мултиетничкиот и мулти-религискиот карактер на општеството

von Владимир Божиновски, Марјан Николовски
Фондацијата Конрад Аденауер заедно со Институтот за политички истражувања - Скопје и интернет порталот Religija.mk, спроведоа ново испитување на јавното мислење во рамки на проектот „Република Северна Македонија како мултиконфесионално општество“.

Asset Publisher

На почеток

Со оглед на тоа дека истражувањата на јавното мислење што во рамки на овој проект се спроведуваат, се едни од ретките кои даваа слика на религиозната карта во земјата, пописот на населението по 20 години беше една од таргет целите на ова истражување.

Истражувањето е подготвувано, пред и за време на објавувањата на резултатите, а спроведено речиси две недели по објавувањето на пописните резултати, со цел да се добие појасна и пореалистичка слика, без можни медиумски влијанија врз резултатите на испитаниците.

Истражувањето е поделено во три дела, кои испреплетуваат прашања кои треба да ја отсликаат перцепцијата на граѓаните за пописот, резултатите, како и за влијанијата врз одлуката на оние кои учествувале, или не учествувале во пописот.

Иако примарна цел на истражувањето е религиската определба, како паралела со пописните резултати, сепак во истражувањето се вклучени прашања околу мислењата на граѓаните за целиот пописен процес, што пак го прави прво вакво истражување, по објавувањето на резултатите, кое дава слика и оценка на граѓаните за пописот и нивното мислење за веродостојноста и евентуалните влијанија врз пописниот процес.

Од одговорите на овие вкрстени прашања истражувањето покажува една сложена слика за тоа како е спроведен пописот, а веројатно дава и одговор на дел од причините зошто пописните резултати даваат поинаква слика, од она што јавноста ја смета за религиска реалност во земјата.

Ова истражување, прво посветено на пописот, воедно е и одлична анализа која надлежните државни институции ќе можат да ја искористат, за да согледаат кои прашања се ранливи и како може да се превенираат.

Исто така, ова истражување е од исклучително значење за самите верски заедници, за да можат да препознаат, дали и каде е евентуалниот пропуст во комуникацијата на релација: Верска заедница – верници – државни институции.

Истражувањето е спроведено телефонски на репрезентативен примерок од 1114 испитаници постари од 18 години. Маргиналната грешка е помеѓу +/-3.2% со 95% интервал на веродостојност.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Robert Janev

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

robert.janev@kas.de +389 2 3217 075
Veranstaltungsberichte
10, мај 2022
Прочитај повеќе

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher