Asset Publisher

Einzeltitel

Предизвици од спроведувањето на далечинското учење во време на Ковид -19 во средното образование

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со невладината организација ЛЕАД спроведе национално истражување со цел да го испита мислењето на наставниците и учениците за начинот на спроведување на далечинското учење во време на Ковид-19 во средното образование.

Asset Publisher

Секундарниот образовен систем не овозможува услови за квалитетно спроведување на далечинска настава е главниот заклучок на националното истражување за спроведувањето на далечинската наставата во средното образование за време на КОВИД-19.

Анализата покажува дека една од причините е тоа што дигиталните алатки во 64% од случаите или ретко (еднаш во две недели или еднаш во месецот), или воопшто не се употребувале во  редовната настава, како и тоа дека 51% од учениците никогаш не биле обучени од своите наставници за тоа како да користат дигитални алатки за потребите во наставата.

Понатаму, 55,5% од учениците ја оцениле наставата како просечна, доволна и недоволно добра, а 1/3 сметаат дека наставата малку или воопшто не помогнала во изучување на материјата. Како една од причините е начинот на кој се одвивала истата, каде најдоминантен и најфреквентен начин на спроведување на наставата е испраќањето на задачи и презентации со 61% застапеност. Тука, интересен е фактот дека платформата ЕдуИно изработена од МОН, се користела само во 1% од случаите.

Како следна причина е тоа што дигитализацијата во образованието е на многу ниско ниво, каде што само 51% од училиштата имаат интернет конекција за користење, а од нив, во 53% од случаите истата не е отворена за користење за учениците.

Исто така, наставниците никогаш немаат добиено обука за користење на дигитални платформи и во 37% од случаите, онлајн предавања и дигитални алатки се користат во помалку од половина вкупниот број на предмети.

Координацијата при реализирањето на наставата била многу слаба со отсуство на унифициран пристап за спроведувањето на наставата од сите наставници и отсуство на посебни распореди за онлајн настава која вклучува онлајн часови во најголем дел од случаите.

Понатаму, наставниците известуваат дека оценувањето било нереално и не постоел систем за оценување кој е прилагодени на моделот на далечинско учење. Од друга страна Во ниту едно училиште во периодот на спроведување на наставата на далечина, не била спроведена планска и суштинска евалуација на далечинското учење

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Sandra Koljackova

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

sandra.koljackova@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher