Публикацијата дава преглед на сите тековни теории за јавни политики, но и на различните модели на креирање политики. Таа исто така го претставува македонскиот систем на креирање синергии помеѓу јавни политики и јавен менаџмент, преку апликација на принципите за добро владеење и употреба на теоријата за јавна вредност.
Секое поглавје дефинира цели за учење, дополнителна литература, вежби, игри и истражувачки прашања, но и примери и студии на случај од Македонија, со што дава интерактивен елемент и алатки за професорите и студентите.