Asset Publisher

Einzeltitel

РЕЛИГИЈА, ПОЛИТИКА, ОПШТЕСТВО

Влијанието на религијата во политиката и општеството

Фондација Конрад Аденауер во соработка со Институтот за политички истражувања и порталот Религија.мк го реализираа третото истражување од серијалот истражувања кои ја анализираат перцепцијата на граѓаните за прашања во врска со религијата во Македонското општество.

Asset Publisher

Целта на ова истражување беше да ја открие перцепцијата на граѓаните за степенот на влијание на религијата во политиката и обратно на политиката во религијата. Воедно и да ги детектира точките каде овие два сегмента во општеството се поврзуваат и дали тие имаат позитивен или негативен ефект врз општеството.

Ова истражување е поделено во неколку сегменти, преку кои се добива појасна слика за целта на истражу-вањето.

Првиот дел од истражувањето е врзан за перцепцијата на граѓаните околу меѓусебното влијание на верските ин-ституции и политиката, односите на верските институции идржавата, со цел да се детектираат критичните точки на влијанија.

Вториот дел од истражувањето ги анализира односите на верските заедници и државата. Овде испитуваше пер-цепцијата на граѓаните за улогата на верските заедници во општеството.

Во третиот дел од истражувањето фокусот беше ставен на прашања кои се сеуште отворени за Македонија, а за кои на еден или на друг начин се мисли дека се поврзани со испреплетено влијание на политика и религија.

Истражувањето може да се преземе од нашата веб-страна.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher