Asset Publisher

Einzeltitel

Средба со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

На 8 февруари во Собранието, официјалниот претставник на КАС, Даниел Браун оствари средба со координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски и пратениците Жаклина Пешевска, Тимчо Муцунски и Јован Јаулески.

Asset Publisher

На почеток

На средбата се разговараше за многу актуелни прашања со кои се соочува земјата, како ЕУ перспективата и улогата на Собранието во овој процес, предизвиците со претстојниот попис, младински политики, политичкото учество на жените, состојбата со Ковид-19 пандемијата.

Соговорниците разговараа и за функционалноста на Собранието, соработката меѓу сите пратенички групи, соработката меѓу Собранието и Владата и други слични теми поврзани со работата на законодавниот дом.

На средбата беше заклучено дека соработката помеѓу КАС и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на високо ниво и ќе продолжи да се продлабочува.

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher