Asset Publisher

Публикација

Официјалниот претставник на КАС, Даниел Браун во посета на Гостивар

На 15 јули, Официјалниот претставник на КАС, Даниел Браун го посети Гостивар.

Asset Publisher

Сподели

Во рамки на оваа посета тој оствари средба со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари. За време на оваа средба двајцата соговорници разговараа за теми поврзани со локалната самоуправа, проекти реализирани во општината, за продлабочувањето на соработката и за претстојните локални избори.  

Градоначалникот Таравари на Официјалниот претставник на КАС, Даниел Браун му подари плакета со симболот на градот Гостивар. Потоа беа посетени некои од неодамнешните инвестиции во градот, како што се: Шеталиштето на реката Вардар, Средното општинско техничко училиште и Центарот за млади „iCan“.

Во рамки на посетата на Гостивар, Браун оствари средба и со пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Гостивар, Дафина Стојаноска. На оваа средба се разговараше за актуелни политички теми во земјата но и во Гостивар. Соговорниците заклучија дека Собранието треба да претставуваат подиум за дијалог на политичките чинители, место каде што ќе се упатуваат издржани критики кон политичките противници со посочување на подобри мерки и решенија, а со цел обезбедување подобра иднина за сите. На средбата се разговараше и за можностите за соработка на локално ниво.

Asset Publisher

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher