Прирачник за локални избори во Република Северна Македонија 2021 година - КАНЦЕЛАРИЈА НА ФОНДАЦИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Седмите по ред локални избори од независноста на Република Северна Македонија ќе се одржат на 17 октомври 2021 година. На изборите ќе се избираат градоначалници и советници на 80 локални самоуправи и Градот Скопје. На овие локални избори има вкупно 299 кандидати и 10 635 кандидати за советници.
Прирачникот дава преглед за локалните избори 2021 година, како и за историјата на локалните избори во земјата, изборниот систем и учесниците во изборниот процес.
По завршувањето на изборите ќе се подготви второ, дополнето, издание на овој прирачник во кое ќе бидат вклучени резултатите, како и информации за кампањата и изборниот процес во целина.
Прирачникот е достапен на македонски, албански и англиски јазик.