Asset Publisher

Einzeltitel

Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија

Панел дискусија и промоција на истражување

На 1 декември 2022 ЕСТИМА и Фондацијата Конрад Аденауер организираа панел дискусија за промоција на истражувањето на тема Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија.

Asset Publisher

Настанот го отвори директорот на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденаур во Скопје Даниел Браун, кој се осврна на долгогодишната активност на Фондацијата во Северна Македонија и на важноста од темата на истражувањето. Светската политичка сцена доживува големи промени, се поизразени се разликите/спротивностите помеѓу политичките системи во земјите од светот и ова претставува се поголем предизвик кога зборуваме за соработка помеѓу одредени земји во многу области. Од почетокот на руската агресија во Украина станавме свесни дека едностраната економска зависност може да биде проблематична. Економските врски со Кина се неспоредливо поголеми во споредба со оние со Русија. Истовремено сведоци сме на се поизразените активности на Кина, која го пропагира својот општествен модел, кој значително се разликува од западниот, кога станува збор за човековите права и демократијата. На денешната панел дискусија говориме токму за методите и стратегиите кои ги користи Кина за постигнување на овие цели – истакна  Браун во своето воведно обраќање.

По неговото излагање авторката на публикацијата и претседателка на ЕСТИМА, д-р Ана Крстиновска, ги претстави главните аспекти на истражувањето кое се заснова на оригинална методолошка рамка и собрани емпириски податоци преку анкета, фокус групи и интервјуа со различни целни групи. Имено, според наодите, во македонскиот медиумски простор има сериозен недостиг од кредибилни информации, аналитички содржини и јавна дебата за Кина и нејзиното присуство и активности во државата. Додека Кина главно ужива позитивна репутација кога станува збор за економските и културните теми, постои свесност дека станува збор за авторитарен режим со контролиран проток на информации, што има влијание врз перцепцијата кај македонските граѓани. Иако Кина се смета дека има ограничено влијание во државата и досега нема некои позначајни придобивки од економската соработка, нејзината економска моќ игра клучна улога во градењето очекувања и перцепции кај граѓаните, заедно со културата која останува малку разбрана и невлијателна.

По претставувањето на клучните наоди следуваше излагање на д-р Кристофер Неринг, соработник на Фондацијата Конрад Аденауер на Програмата за медиуми во Југоисточна Европа при Универзитетот „Св. Климент Охридски “ – Софија кој направи паралела со кинеското присуство и меката моќ во Бугарија. Неринг се осврна на новите тенденции во користењето на алатките за мека моќ од страна на Кина, со посебен акцент на соработката и синергијата меѓу Кина и Русија и делувањето на Конфуциј Институтите во Бугарија. Преку практични примери ги илустрираше различните толкувања и наративи во Кина наспроти демократскиот свет кога станува збор за случувањата од Тиенанмен или војната во Украина. 

Потоа следуваше и обраќање од страна на Антонио Молошоски, претседател на Парламентарната комисија за надворешна политика и член на Интернационалната парламентарна алијанса за Кина (ИПАК) кој се осврна на политичките импликации од кинеското присуство во државата. Во неговото излагање тој даде краток осврт на актуелната политичка ситуација во Кина, особено од изборот на Претседателот Си наваму, и импликациите на глобално ниво, вклучително и за регионот. Ги претстави активностите на Меѓународната парламентарна алијанса за Кина која претставува неформално здружение на парламентарци од целиот свет во коешто од неодамна е застапена и Македонија. 

Дискусијата ја модерираше проф. д-р Христина Рунчева-Тасев од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Целото истражување е достапно тука

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Daniela Popovska

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

daniela.popovska@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher