Asset Publisher

Einzeltitel

Управување со гранични води

Mожности за соработка во справувањето со предизвиците

Публикација во издание на Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел.

Asset Publisher

Проектот е резултат на нашите напори за поттикнување соработка и рамена помеѓу професори и студенти од Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје и Градежниот факултет при Универзитетот Аристотел од Солун. Изминатите години беа спроведени низа заеднички активности и иницијативи во насока на рамена на искуства и експертиза во делот на управувањето со отпадни води, односно управување со водните ресурси со кои заеднички располагаат двете земји.

Без сомнение, прекуграничните води како што се реката Вардар и Преспанското и Дојранското езеро имаат огромно значење како на национално така и на регионално ниво, а во насока на обезбедување економски просперитет и развој, социјален интегритет и заштита на животната средина. Заедничкото управувањето со овие водни капацитети претставува чекор кон поблиска прекугранична соработка, промовирајќи одржлив развој. Податоците изнесени во публикацијата ја прикажуваат моменталната ситуација, но и напредокот на двете земји во изминатиот период во насока на заедничко управувањето со овие погранични води. Воедно, посочениот материјал дава основа за управувањето со интегрирани водни ресурси на ниво на слив, ставајќи акцент на перспективите за понатамошна соработка на полето на адаптацијата со климатските промени и врската вода-енергија-храна-животна средина.

Книгата содржи како дескриптивни така и информативни поглавја кои можат да најдат своја примена во збогатување на наставните програми на двата посочени универзитети.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher