Asset Publisher

Einzeltitel

Верските права и слободи и Европските перспективи

Фондацијата „Конрад Аденауер“ во соработка со Институтот за политички истражувања – Скопје и интернет порталот „Религија.мк“ го продолжуваат проектот за следење на перцепцијата на граѓаните за религијата и нејзината улога во мултиконфесионалните општества.

Asset Publisher

Главната цел на ова истражување е да се види тенденцијата на размислувањата на граѓаните во поглед на религиските права и слободи во процесот на интеграција на Р.С. Македонија во Европската Унија, како и познавањата на граѓаните за религијата во земјите членки на Европската Унија.

Во исто време преку ова истражување се прави уште еден обид да се направи споредба со некои претходни испитувања на јавното мислење околу членството на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Процесот на интеграција на државата кон полноправно членство во ЕУ, отвора прашања во општествата пред се околу правата и слободите на вероисповест, како и околу прашањата поврзани со секуларноста и практикувањето на религијата.

Тие прашања честопати граѓаните ги поставуваат, особено во општества во кои има висок процент на религиозност кај граѓаните. Некаде тие прашања отвораат и дилеми за некакви стравови за можно губење на религискиот идентитет во големото европско семејство. Таквите стравови честопати можат да создаваат и одбранбени механизми, кои најчесто се манифестираат во отпор кон членство.

Во тој контекст ова истражување треба да одговори на некои дилеми токму во овој период на претпристапниот процес на Северна Македонија и кога се очекува добивање датум за почеток на пристапните преговори.

Дилемите на кои одговор дава ова прашање се поврзани пред се перцепцијата на граѓаните за почитувањето на верските права и слободи во државата сега и перцепцијата за овие права и слободи како полноправна членка на ЕУ.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher