Mеѓународниот уредувачки одбор се обиде да направи избор на текстови што се надеваме ќе наиде на Ваш интерес. Во текстовите авторите се обидуваат да одговорат на многу комплексни прашања како:
- Што значи војната на Русија против Украина за европската економија?
- “L’Europa non e lontana”?
- Три децении надворешна и одбранбена политика: македонски лекции
- Како пописот на населението влијае на трансферите на ДДВ од централната влада до локалните административни единици во Северна Македонија?
- Каква е улогата на легитимитетот на пратениците во градење на демократијата?
Ви посакуваме пријатна лектира!