Asset Publisher

Конференција

Бизнис со интегритет за конкурентна економија

Конференција посветена на интегритетот, транспарентноста и конкурентноста на малите и средни претпријатија

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) на 14 мај 2026 година во Скопје, ja организираше конференција на тема „Бизнис со интегритет за конкурентна економија“ посветена на улогата на интегритетот, транспарентноста и усогласеноста во јакнењето на конкурентноста на малите и средни претпријатија и создавањето поотпорно и предвидливо деловно опкружување.

Asset Publisher

Сподели

Детали

Настанот обедини претставници од институциите, бизнис-заедницата, меѓународните организации, граѓанскиот сектор и медиумите, со цел да се отвори поширока дискусија за значењето на интегритетот, транспарентноста и усогласеноста како предуслови за конкурентна и одржлива економија.

Конференцијата беше отворена со воведни обраќања на д-р Павел Усватов, директор на Програмата за владеење на правото на КАС Југоисточна Европа, Н.Е. Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во Северна Македонија и г-н Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија. Во своите обраќања, говорниците ја нагласија важноста на јакнењето на интегритетот и довербата во деловното опкружување, како и улогата на малите и средни претпријатија во создавањето поотпорна и поконкурентна економија.

 

Во рамки на панел-дискусијата „Интегритетот како конкурентска предност за МСП“, учесниците дискутираа за значењето на транспарентните и одговорни деловни практики, улогата на институциите во создавање предвидливо деловно опкружување, како и потребата од унапредување на соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор. Посебен акцент беше ставен на транспарентноста во јавните набавки, усогласувањето со европските стандарди и значењето на корпоративниот интегритет за градење доверба, привлекување инвестиции и воспоставување долгорочни партнерства.

 

На панелот учествуваа Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт, Адем Чучуљ, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Валентина Дисоска од Асоцијацијата на бизнис жени и Снежана Здравеска, финансиски менаџер и офицер за усогласеност во Маркарт Македонија.

 

Во рамки на конференцијата беше презентиран и проектот „Бизнис со интегритет Северна Македонија“, чија цел е да ги мобилизира малите и средните претпријатија како активни партнери во унапредувањето на интегритетот, транспарентноста и антикорупциските практики. Проектот предвидува активности насочени кон зајакнување на капацитетите на компаниите преку обуки, советодавна поддршка, едукативни алатки, платформи за дијалог и механизми за препознавање и промоција на компании кои применуваат високи стандарди на интегритет и усогласеност.

 

Настанот претставуваше можност за размена на искуства и добри практики, како и за поттикнување поширок дијалог за улогата на приватниот сектор во градењето потранспарентно, поправедно и поконкурентно економско опкружување во Северна Македонија.

 

Конференцијата беше организирана во рамки на ЕУ кофинансираниот проект „Business with Integrity North Macedonia – Mobilizing SMEs as Champions Against Corruption“ („Бизнис со интегритет Северна Македонија – Мобилизирање на малите и средните претпријатија како лидери против корупција“).

Asset Publisher

Контакт Dr. Pavel Usvatov
Dr. Pavel Usvatov
Leiter des Rechtsstaatsprogramms Südosteuropa
pavel.usvatov@kas.de +40 726 210 659
Контакт Александар Цеков
Aleksandar Cekov_Portrait
проектен менаџер ЕУ проект: Бизнис со интегритет
aleksandar.cekov@kas.de +389 72 702 995 / +389 70 362 042

Asset Publisher