Asset Publisher

Дискусија

Катедра Аденауер 2026

Перцепции и импликации на новите глобални иницијативи на Кина врз Југоисточна Европа

Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности – ЕСТИМА, ја организираат првата панел дискусија во рамки на овогодишната Катедра Аденауер.

Asset Publisher

Сподели

Детали

Панел дискусијата на тема „Перцепции и импликации на новите глобални иницијативи на Кина врз Југоисточна Европа“ ќе се одржи на 05 октомври 2026 (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во свечената сала ННС на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Иницијативата ќе обедини претставници од академската и експертската јавност, политички чинители, студенти како и претставници на меѓународната заедница од земјата, кои ќе имаат можност да доскутираат за новите глобални иницијативи на Кина и нивното влијание врз земјите од Југоисточна Европа. Посебен акцент ќе биде ставен на политичките, економските и стратешките аспекти на кинеското присуство во регионот, како и на различните регионални перцепции за овие процеси.
Катедра Аденауер претставува научно - образовна платформа на која студенти, експерти, претставници на академската заедница, како и носители на политички функции дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми од областа на Европската унија, генералните предизвици со кои се соочува европскиот континент, како и на теми поврзани со проширувањето на ЕУ и регионот на Западен Балкан.
Со поздравни обраќања настанот ќе го отворат Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Катерина Јакимовска, виш координатор за настани при Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс во Брисел и проф. д-р Сашо Георгиевски, декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Во рамки на настанот ќе биде промовирана и публикација со истоимениот наслов, „Перцепциите на новите глобални иницијативи на Кина во Југоисточна Европа и нивното влијание“.
Клучните наоди од истражувањето ќе ги презентира д-р Ана Крстиновска од ЕСТИМА која е една од авторите на истражувањето, по што ќе следува панел-дискусија со учество на проф. д-р Васко Наумовски, Професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје, Пратеничката и членка на Интерпарламентарната алијанса за Кина (IPAC) Рашела Мизрахи и д-р Анастас Вангели, професор на Универзитетот во Љубљана.
Работни јазици на настанот се македонски и англиски, со обезбеден симултан превод.

Asset Publisher

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Daniela Popovska

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
daniela.popovska@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher