Asset Publisher

Конференција

Ден на Европа 2026

Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа

По повод одбележувањето на Денот на Европа – 9 Мај, КАС во соработка со Европското движење во Република Северна Македонија и Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, организира конференција на тема „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, која ќе се одржи на 20 мај 2026 година во Скопје, во Ragusa Rooftop (Катна гаража „26 Јули“, „Св. Кирил и Методиј“ бр. 1), со почеток од 11:00 часот.

Asset Publisher

Сподели

Детали

Ден на Европа-9 Мај 2026

Високи претставници од земјата и странство, претставници на дипломатскиот кор, академската заедница, студенти и други релевантни чинители ќе дискутираат за актуелните состојби во Европската Унија, со посебен фокус на проширувањето, новите геополитички предизвици и перспективите на Северна Македонија во тој контекст.

На настанот свое обраќање како главен говорник ќе има Африм Гаши, Претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

Во рамки на панел дискусијата на тема „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“ свои обраќања и учество ќе имаат:

Н.Е. Петра Дрекслер, Амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија

Стефен Худолин, Шеф на соработка во Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија

Петер Хефеле, Директор за политики, Центар за европски студии Вилфрид Мартенс

Беким Сали, Прв заменик претседател на Владата и Министер за европски прашања

Антонијо Милошоски, Потпретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања

Венко Филипче, Претседател на Националниот совет за евроинтеграции

Настанот ќе го отворат Милева Ѓуровска, Претседателка на Европското движење во Република Северна Македонија; Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и Петер Хефеле, Директор за политики, Центар за европски студии Вилфрид Мартенс.

Дискусијата ќе биде модерирана од Катерина Синадиновска, уредничка на ТВ магазинот „Агенда 35“.

Во рамки на настанот ќе биде доделена и плакетата за Европска личност на годината за 2025 година.

По панел дискусијата и доделувањето на плакетата за Европска личност на годината предвиден е и пригоден коктел.

Вториот дел од настанот ќе биде организиран како Младински клуб на тема: „Младите и дигитална Европа: Од следбеници кон лидери“. Во рамки на младинскиот клуб ќе се одржи дебата со воведни обраќања на Драгана Бојковска, Пратеничка (ВМРО-ДПМНЕ) / Претседателка на Клубот за младински прашања и политики; Моника Зајкова, пратеничка од ЛДП; Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност; и Константин Миноски, професор на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Во рамки на младинскиот клуб ќе се одржат и ораторски натпревар со учество на студенти од повеќе универзитети во земјата, како и квиз на знаење за Европската Унија со учество на средношколци од неколку средни училишта. На крајот ќе бидат доделени награди за најдобрите учесници во ораторскиот натпревар и квизот.

Работни јазици на настанот се македонски, албански и англиски јазик, со обезбедено симултано толкување.

Доколку сте заинтересирани да присуствувате на настанот, потребно е да се пријавите на e-mail: skopje@kas.de или на телефон 02 3217 075.

Asset Publisher

Место

Скопје 1000 Скопје Северна Македонија
Веб страната

Локација

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Партнери

Wilfried Martens Centre for European Studies
European Movement in the Republic of North Macedonia