Asset Publisher

Работилница
целосно резервиран

Искористете ја моќта на Chat GPT 3.5 и 4.0 во вашиот секојдневен живот и работа

Тренинг наменет за стипендистите на КАС

Фондацијата Конрад Аденауер организира еднодневен тренинг со наслов “Искористете ја моќта на Chat GPT 3.5 и 4.0 во вашиот секојдневен живот и работа”, наменет за јакнење на капацитетите на млади професионалци и студенти кои се дел од мрежата на стипендисти на КАС. Активноста ќе се одржи во просториите на Фондацијата и има за цел да ги обучи учесниците за практична и ефективна примена на придобивките од Chat GPT 3.5 и 4.0 во нивниот секојдневен и професионален живот, укажувајќи на неговите можности, ограничувања и најдобра пракса.

Asset Publisher

Сподели

Детали

Во оваа смисла работилницата е дизајнирана да понуди сеопфатно разбирање и практично искуство во однос на последните достигнувања на јазичните модели кои ги нуди вештачката интелигенција, со акцент на Chat GPT 3.5 и 4.0. Таа е наменета за професионалци и поединци кои имаат интерес да ја интегрираат најсовремената технологија во својата секојдневна рутина и опфаќа спектар на теми, почнувајќи од основите на функционирање на овие модели, па се до нивна практична примена во различни области, како содржини, кодирање и анализа на податоци.

Учесниците ќе бидат вклучени во интерактивни сесии и ќе имаат можност да се стекнат со практично искуство во примената на овие алатки наменети за постигнување поголема ефикасност и продуктивност. Покрај тоа, работилницата ќе се осврне и на етичките аспекти и најдобрите практики во насока на одговорна и ефективна примена на овие алатки. 

Обуката ќе ја фасилитира Иван Јованов од невладината организација ЛЕАД-Лидери за едукација, активизам и развој, кој е воедно и дел од стипендиската мрежа на КАС.

Asset Publisher

Внеси во календар

Место

Скопје 1000 Скопје Северна Македонија
Zur Webseite

Локација

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Daniela Popovska

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
daniela.popovska@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher