Asset Publisher

Workshop
Ausgebucht

Политичка академија 2024

Важноста на ефективната комуникација во градењето успех

Фондацијата Конрад Аденауер и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ од 09 до 11 февруари во Крушево ја организираат Политичката академија 2024 насловена како „Важноста на ефективната комуникација во градењето успех“.

Asset Publisher

Details

Political Academy 2024

Академијата е концепирана како тренинг-семинар наменет за истакнати активисти на централно и локално ниво од ВМРО-ДПМНЕ.

Во време на светски демократски предизвици, Фондацијата Конрад Аденауер цели кон зголемување на капацитетите на политички претставници и подобрување на нивната комуникација со граѓаните, стратешко размислување и позиционирање во политичките процеси, како и нудење мерки и политики за справување со предизвиците.

Тридневниот настан ќе се осврне на теми како што се улогата на Општинските комитети во ефективната комуникација со граѓаните, Комуникација и соработка со општинските комитети во рамки на изборните единици и ефикасни модели на односи со јавноста, етичност во комуницирањето, односите со медиумите, социјалните медиуми и нивната употреба за ефикасна комуникација со различни целни групи, како и стратешко позиционирање.

Политичката академија ќе ја отвори Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер; Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ; Гинтер Крихбаум, Пратеник во германскиот Бундестаг / Портпарол на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот за прашања поврзани со Европската Унија (видео обраќање) и Стефан Андоновски, Секретар за меѓународна соработка.

Пред присутните свое излагање ќе имаат и Ѓоргија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ како и Потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, Гордана Димитриеска Кочоска, Владо Мисајлоски и Тимчо Муцунски.

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Крушево
7550 Крушево
North Macedonia
Zur Webseite

Локација

Referenten

  • Марија Митева
    • Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
  • Искра Коровешовска
    • Новинарка
  • Миле Лефков
    • Пратеник
  • Стојче Стаменковски
    • Експертот за дигитални медиуми

Publikation

Политичка академија 2024: Важноста на ефективната комуникација во градењето успех
Прочитај повеќе
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Partner

Logo Ljubisha Georgievski