Детали
Иницијативата обединува студенти, како и експерти од регионот, кои ќе дискутираат за регионалните безбедносни предизвици како и можностите за регионална размена и соработка на ова поле.
Настанот ќе се одржи од 12 до 14 март 2026 година во Охрид и има за цел да понуди платформа за размена и соработка меѓу младите луѓе од регионот, кои дискутирајќи за теми кои се од заеднички интерес има за цел да поттикне доверба, меѓусебниот дијалог и разбирање. Во овој контекст фокусот е ставен на неопходноста од билатерална и регионална соработка.
Во текот на три дена, студентите и младите професионалци од Северна Македонија, Бугарија и Србија, заедно со експерти и професори од овие земји, ќе имаат можност да разменат идеи, перспективи и ставови за регионалните безбедносни предизвици што ги засегаат сите држави во регионот.
Форматот на настанот вклучува интерактивни предавања, дискусии и работилници, како и студиска посета на Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, каде учесниците ќе имаат можност одблиску да се запознаат со безбедносните процедури и функционирањето на објект од ваков вид.