Asset Publisher

Workshop
Ausgebucht

Стратешко планирање за политички промени 2024

Работилница

Во рамки на богатата соработка, КАС и ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организираат тридневен настан наменет за највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и членовите на Извршниот комитет, со цел дискусии и стратешко планирање за активностите на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период. Настанот ќе се одржи од 23 до 25 февруари во Велес.

Asset Publisher

Details

Strategic planning for political change 2024

Фондацијата Конрад Аденауер, за свој приоритет ја има поддршката на политичките претставници на граѓаните во креирање политики кои се базирани на вредности, податоци, како и нудење мерки кои значат справување со предизвиците.

Тридневниот настан ќе се осврне на теми како што се визионирање, лидерство и стратешко планирање во периодот кој следи. Присутните ќе учествуваат на панел дискусии кои ќе ја анализираат улогата на слободните медиуми во изборните процеси, важноста на јавното мислење, најважните геостратешки предизвици во периодот кој следи, како и стратешката комуникација.

Настанот ќе го отвори Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, а на официјалното отворање на присутните ќе се обратат и, Дејвид Мекалистер, Пратеник во Европскиот парламент и Потпретседател на Европската народна партија, Кристијан Кремер, Меѓународен секретар на ЦДУ, Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ како и Стефан Андоновски, Секретар за меѓународна соработка на партијата.

Пред присутните свое излагање ќе имаат Ѓоргија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, Гордана Димитриеска Кочоска, Владо Мисајлоски и Тимчо Муцунски, како и експерти од практиката.

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Veles
1400 Велес
Северна Македонија
Zur Webseite

Локација

Publikation

Стратешко планирање за политички промени 2024: Работилница
Прочитај повеќе
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Partner

Logo Ljubisha Georgievski