Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Градење успех на локално ниво: Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа

Обука за градоначалници

На 28 октомври, КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организираше тркалезна маса и работилници за градоначалниците предложени од ВМРО-ДПМНЕ на тема: „Градење успех на локално ниво: Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа“.

Asset Publisher

Обуката беше отворена од страна на Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, кој истакна дека продолжува соработката помеѓу КАС и ВМРО-ДПМНЕ на повеќе различни нивоа. Воедно, тој истакна дека функционалната локална самоуправа која е блиска до граѓаните е клучот за доверба на граѓаните во државата. Оттука важно е и е за поздравување тоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да се надградуваат и на тој начин да се стремат да ја подобрат комуникацијата на нивните општини со граѓаните. Браун ја подвлече поддршката која КАС ја дава за јакнење на капацитетите на повеќе структури од ВМРО-ДПМНЕ, како и директната поддршка кон градоначалниците со цел успешно управување во општините.

На отворањето, свое обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој, заблагодарувајќи се на соработката со КАС, истакна дека е огромна важноста од креирање успешни и квалитетни политики на локално ниво, особено во областите на економијата и инвестициите, заштитата на животната средина и дигитализацијата. „Покажавме после историска победа во 2021 дека можеме поинаку. Со храбра, чесна и искрена работа постигнавме многу. Тоа не значи дека успеавме во се што замисливме, секогаш може подобро, но успеавме и покрај силните предизвици. Со тоа одговорноста и очекувањата се се поголеми. Тоа обврзува, во следната половина од мандатот да бидеме уште подобри. Затоа новата влада ќе постави силен фокус на инфраструктурни капитални објекти во општините. Со тоа владата ќе ја доближиме до секој дом. Европа и владата мора да биде поблиску до граѓаните - тоа значи подобра инфраструктура, нови спортски центри, паркови, училишта и градинки“.

Поздравните обраќања ги заврши Стефан Андоновски, раководител на ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ „Љубиша Георгиевски“. Андоновски се осврна на визијата на истражувачкиот центар во организирањето на овој вид обуки, чија основна задача е да им послужи на градоначалниците во водењето на општините.

Презентација на објавениот стручен труд со помош на КАС имаше и Даме Димитровски, редовен професор на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Трудот, дискусијата и презентацијата во основа се фокусираа на политиките на современата центар-десница и предизвиците поврзани со животната средина. Особено беше значајно да се забележат активностите, проектите и политиките кои градоначалниците можат да ги применуваат во општините за подобрувањето на состојбите со животната средина.

Своја презентација пред присутните имаше Зоран Ставрески, поранешен министер за финансии. Ставрески се задржа на два аспекти со кои се соочуваат градоначалниците – кредитирањето на проектите во општините, како и макроекономските параметри кои би можеле да се очекуваат во државата во натамошниот период. На темата околу можностите за капитални инвестиции и буџетирање на локално ниво се обрати и Игор Димитров, претседател на Управен одбор на банка.

Во делот на заклучни согледувања на обуката, кон дискусиите се приклучија и Давор Пашоски, програмски менаџер во Фондацијата Конрад Аденауер и Стефан Андоновски, Раководител на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“. Овој дел опфати дискусија со градоначалниците во врска со потребите и приоритетите за создавање модерни општини.

Обуката особено се осврна на креирање адекватни економско-социјални политики кои гарантираат зголемено ниво на економска активност во општините, ефикасна грижа за животната средина, одржлив локален развој, како и градење силна отчетност во работењето. Во таа смисла, КАС и ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжуваат со исклучително корисната заедничка соработка.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher