Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Катедра Аденауер 2021

На 14 и 17 декември, КАС во соработка со Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, Институтот за општествени истражувања – МК91 од Скопје, Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје и Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип организираа две предавања во рамките на Катедра Аденауер 2021.

Asset Publisher

На почеток

Катедра Аденауер претставува научно - образовна платформа на која студенти, експерти и претставници на академската заедница дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми кои се однесуваат на ЕУ и на идното проширување на Унијата.

Првото предавање со наслов „Европската идеја во Западен Балкан - неизвесна иднина?“ беше организирано на 14 декември на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје.

Настанот беше отворен со поздравни обраќања на Давор Пашоски, кој се обрати во име на претставништвото на КАС во Скопје и Катерина Јакимовска од Центарот за европски студии Вилфред Мартенс.

Аце Миленковски, Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје (УТМС) ја истакна потребата од реформи и примена на европските стандарди во високото образование, со цел да се зголеми квалитетот и конкурентноста на студентите со завршувањето на нивните студии. На ова се надоврза и Сашко Граматниковски, Декан на Факултетот за туризам при УТМС, кој говореше за предизвиците во оваа област, давајќи неколку примери за можни подобрувања. Васко Наумовски, Професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, се осврна на актуелната состојба, вклучувајќи ги билатералните спорови на Балканот, кредибилитетот на ЕУ во регионот, како и за влијанијата однадвор кои можат да ги загрозат европските вредности. Поранешниот Министер за финансии, Кирил Миноски имаше презентација за економските случувања, исполнувањето на економските критериуми за пристапување, како и генералниот правец на економиите на земјите од регионот. Јован Андоновски, Вонреден професор по право на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, говореше за човековите права на Балканот, поврзаноста на човековите права со процесот на пристапување во ЕУ и севкупните политички критериуми за пристапување. Иван Иванов, Доцент на Меѓународниот Балкански Универзитет – Скопје, ја анализираше глобалната улога на ЕУ, односите на унијата со другите субјекти, како и влијанијата кои се преклопуваат во регионот. Настанот беше модерирана од Александар Спасеновски, Професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Дискусијата беше проследена со прашања и коментари од студентите и другите експерти кои беа присутни на настанот.

Второто предавање со наслов „Оценување на поглавјата 23 и 24 - Напредок без почеток на преговорите со ЕУ?“ беше организирано на 17 декември на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Настанот го отворија Даниел Браун, официјалниот претставник на КАС во земјата, Панос Тасиопулос, Раководител за надворешна соработка и настани во Центарот за европски студии Вилфред Мартенс и Олга Кошевалиска, Декан на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Браун во своето обраќање истакна дека блокадата на Бугарија не е ниту во интерес на оваа земја и дека билатералните прашања треба да се решаваат во рамките на ЕУ. Но, ова не треба да значи крај на европскиот пат за Северна Македонија. Според него, во земјата има добри закони и законодавство, но предизвик е нивната имплементација во државата но и во општеството.

Ана Никодиновска Крстевска, Вонреден професор од област Право на ЕУ на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, ги анализираше неопходните чекори што треба да се преземат за да се постигнат подобри резултати во поглавјата 23 и 24, вклучително и реформите во судството и во законодавството. Поранешниот амбасадор во ЕУ, Андреј Лепавцов ги сподели своите ставови за состојбите во правосудниот систем и забелешките на ЕУ во оваа област. Александар Спасеновски, Професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, говореше за односите меѓу државните институции во земјата во контекст на евроинтеграциите. Професорот Васко Наумовски даде осврт на напредокот во однос на исполнувањето на критериумите за пристапување кон ЕУ во последната деценија, особено во областите опфатени со поглавјата 23 и 24. Борис Јосифовски, Генерален секретар во Кабинетот на поранешниот претседател Н.Е. Ѓорѓе Иванов  (2009-2019), ги образложи односите меѓу двете поглавја и политичките случувања, додека адвокатот Коста Богданов од Адвокатско друштво „Богданов и Богданов“ ги сподели своите искуства во областа на заштитата на човековите права, пресудите на Европскиот суд за човекови права, како и нивна имплементација во домашното правосудство. Панел дискусијата беше модерирана од Јован Андоновски, Вонреден професор по право на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Исто така, и на овој настан, студентите, претставниците на медиумите и други присутни експерти имаа можност да ги споделат своите ставови и мислења за темите.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher