Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Одбележување на Денот на Европа - 9 Мај

Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор: Нови прашања за европската иднината и дилемите поврзани со проширувањето

На 19 мај во организација на КАС, Европското движење на Република Северна Македонија и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, се одржи манифестација во чии рамки се одбележа Денот на Европа – 9 Мај.

Asset Publisher

Манифестацијата започна со панел дискусија на тема: „Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор: Нови прашања за европската иднината и дилемите поврзани со проширувањето“. На панел дискусијата учествуваа претставници од владата, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, како и претставници од невладиниот сектор и студентите.

Манифестацијата започна со поздравни обраќања на Милева Ѓуровска, Претседател на Европското движење, која посочи дека секој ден е Ден на Европа, ако се работи на зближување на луѓето и чување на цивилизациските придобивки.

Официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун, порача дека нападот на Русија врз Украина, што се коси со сите меѓународни закони, покажува дека државите кои ги споделуваат вредностите на демократија и човекови права уште посилно мора да бидат обединети, што би значело дека е време конечно да се зачекори на патот за ЕУ пристапување на Западен Балкан. Билатералните конфликти меѓу државите треба да се сметаат за второстепени и истите да бидат решавани како рамноправни партнери во пријателство во ЕУ, а не да служат како пречка на примарната цел - европската интеграција.

Катерина Јакимовска од Центарот за европски студии Вилфред Мартенс во своето поздравно обраќање истакна дека оваа година одбележувањето на Денот на Европа се одвива во горчлива атмосфера поради конфликтот во Украина и дека импликациите од истиот силно се чувствуваат во регионот на Западен Балкан, регион кој се наоѓа на крстосница и за кој сè почесто се поставува прашањето дали овој регион ќе успее да го задржи европскиот курс, бидејќи Европа е наша задача и мисија.

Воведно обраќања на панел дискусијата имаше Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија. Тој во своето обраќања посочи дека пандемијата ги покажала капацитетите за помош и солидарност на ЕУ, но и дека Мастришкиот договор ги постави темелите на оваа Европа во која моментално живееме. Воведно обраќање имаше и Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн, која истакна дека со Мастришкиот договор се добиени поголем дел од придобивките кои денес ги сметаме за нормални и природни.

На панел дискусијата прв зема збор Бојан Маричиќ, Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања. Тој во своето излагање потенцираше дека не постојат нови или стари дилеми, дека патот на Северна Македонија е јасно трасиран и тој се вика полноправно членство во Европската Унија. Но истовремени посочи дека преговорите вообичаено траат 9 години, а Србија и Црна Гора веќе 10 години преговараат и не се блиску до полноправно членство, што ја става под прашање идејата на ЕУ за интеграција на регионот во унијата.

По него збор зема Александар Николовски, Претседател на Националниот совет за евроинтеграции, кој го прокоментира новиот план на претседателот на Франција, Емануел Макрон за Европска Унија и Европска политичка заедница, како еден вид полабав сојуз. Истакнувајќи дека мора јасно да се каже дека земјата не е заинтересирана за било какви алтернативи на Европската Унија, бидејќи генерации на Македонци се инвестирале во исполнувањето на тој повеќедецениски сон.

Заменик претседателот на Комисијата за европски прашања Арта Биљали – Зендели во своето излагање посочи дека е горда што државата меѓу првите ги прифати санкциите кон Русија, со што јасно покажала на чија страна е. Според неа конечното започнување на преговорите со Северна Македонија не би бил само успех на земјата, туку успех и на Бугарија и на Европската Унија и Европските вредности.

Панелот го затвори Моника Зајкова, Член на комисијата за Европски прашања, која посочи дека таа е од генерациите кои целиот свој живот сонуваат за Европска интеграција, но никако тоа да стане јаве. Според неа, вистина е дека Европска Унија нема да ни ги реши проблемите дома и дека мора да се работи сериозно на подобрување на состојбите. Ја посочи и иницијативата за вклучување на земјите од Западен Балкан во Европската телекомуникациска мрежа, што е поднесено до Европската комисија. Оваа иницијатива би го укинала роамингот и би допринела до поголемо поврзување на младите, за што поддршка побара и од амбасадорите.

Дискусијата побуди интерес кај присутните, каде имаше консензус дека Северна Македонија заслужува час поскоро да ги отвори преговорите. Професорката Гордана Силјановска најдобро го опиша чувството на присутните преку изјавата дека Демократија се учи внатре, во друштво со демократи, додека надвор само се повикуваат Ханибалите да дејствуваат.

Дискусијата беше модерирана од Васко Наумовски, поранешен Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања.

Во рамки на манифестацијата беше претставена и номинацијата за Европската личност на годината која што Европското движење традиционално веќе повеќе од 20 години ја доделува на лица кои ги шират европските вредности во Северна Македонија, но и лица кои ја промовираат земјата во Европа и во светот. За 2021 година оваа награда ќе биде доделена на Македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова.

По панел дискусијата, се одржа и ораторски натпревар на студентите и квиз на знаење за ЕУ.

На ораторскиот натпревар на тема „Мојата порака за подобра иднина на мојата земја на кој учествуваа студенти од повеќе универзитети од земјата првите три места ги освоија:

Антонио Чоневски од Универзитет „Климент Охридски“ – Битола

Јован Јанев од Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

Ивана Крстова од Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје

Додека жири-комисијата одлучуваше за победниците на ораторскиот натпревар, се организираше и квиз на знаење за Европската Унија, каде учествуваа студенти и средношколци. Натпреварот беше интересен и неизвесен, за на крајот првите три места да ги освојат:

Никола Чамовски од Универзитет „Климент Охридски“ – Битола

Андреј Томев од Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Вероника Младеновска од Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

На победниците им беа доделени пофалници и награди за успехот кои ќе ги мотивираат да продолжат да се надградуваат во иднина.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher