Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Филмска проекција "Конференцијата во Ванзе" (2022)

На 07. ноември во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа проекција на филмот “Конференцијата во Ванзе” (2022).

Asset Publisher

Во рамки на отворањето на филмската проекција свои обраќања имаа Н.Е. Петра Дрекслер, Амбасадорка на СР Германија, г. Горан Садикаријо, Извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и г. Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер.

Филмот ја прикажува средбата на водечките претставници на нацистичкиот режим од СС, Канцеларијата на Рајхот, полицијата и администрацијата утрото на 20 јануари 1942 г. во вила на езерото Ванзе во близина на Берлин. Единствената тема на агендата тоа утро беше она што нацистите го нарекоа "Конечно решение на еврејското прашање": организација на систематско масовно убиство на милиони Евреи низ Европа. Филмот му дава на гледачот увид во шокантната „нормалност“ што се прикажува за време на состанокот додека се разговара за процедурите, организацијата и координацијата, како и за одговорностите за убиството на милиони луѓе како да е тоа секојдневен административен акт.

Настанот се одржа во рамки на одбележувањето на трагичните настани од 08 и 09 ноември 1938 г. кога во цела Германија и делови од Австрија се случи акт на масовно прогонување на Евреите познат како Кристална ноќ или Ноќ на скршеното стакло.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher