Со овогодинешните победници – ученичката заедница на СУГС Гимназија „Орце Николов“ од Скопје, поминавме инспиративен дводневен семинар во Крушево (09–11.10.2025), исполнет со учење, размена на искуства и тимска работа.
Комeнaџмент телото на заедницата, составенo од претставници од сите четири генерации и поддржан од педагогот на училиштето, успеа за само 48 часа да ги идентификува клучните предизвици за учебната 2025/2026 година, да изработи детален акциски план и да го зајакне тимскиот дух.
Учениците покажаа исклучителна посветеност, иницијатива и грижа за своите соученици – инспиративен пример за активно и одговорно ученичко учество, поддржано од училиштето и наставниот кадар.
Водени од нивниот ентузијазам и резултатите од семинарот, со нетрпение ги очекуваме новите пријави за Наградата за средношколско учество за учебната 2025/2026 година!
📣 Раскажи ја приказната за твојата ученичка заедница и приклучи се кон повикот за НајГЛАСни! – награда што ги слави најангажираните, најпосветените и највлијателните ученички заедници.
Повикот е отворен за сите ученички заедници од државните и приватните средни училишта кои во текот на учебната 2025/2026 година биле активни и придонеле за поголемо ученичко учество во донесувањето одлуки и подобрување на училишната демократија.
Што претставува Наградата за средношколско учество?
Фондацијата Конрад Аденауер, Здружението Лидери за едукација, активизам и развој и Сојузот на средношколци – како долгорочни поддржувачи и промотори на ученичкото учество – ја доделуваат оваа награда како официјално признание од Министерството за образование и наука. Наградата се доделува еднаш годишно на една ученичка заедница која покажала извонредна активност, креативност и посветеност во градењето на демократски училишен дух и култура на соработка.
Со Наградата за средношколско учество сакаме да го поттикнеме ученичкото вклучување во процесите на одлучување, да ги наградиме позитивните примери и да создадеме заедница на млади лидери кои го менуваат своето училиште на подобро.
🏆 Наградата за учебната 2024/2025 година беше доделена на ученичката заедница на СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје.
Во ноември и декември следуваат онлајн обуки со избраните претседатели и потпретседатели на ученичките заедници, како и регионални претставувања на наградата НајГЛАСни.
📢 Следете нè за повеќе информации и не пропуштајте ја шансата – станете дел од НајГЛАСните!