Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

II МАКЕДОНСКО ГЕРМАНСКИ ФОРУМ

Македонија и Германија имаат тесна и длабока соработка и одлични економски односи, а тоа е стабилна основа која ќе не држи и во иднина, беше оценето на Вториот македонско-германски форум „Градиме мостови-политики и економија“ што се одржа во Скопје во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за општествени истражувања – МК 91. Форумот се организираше по повод 25 годишнината од воспоставување на билатерални односи помеѓу двете земји.

Asset Publisher

На настанот свое поздравно обраќање имаше Јоханес Раи како официјален претставник на фондацијата. Според него за да се спречи одливот на мозоци од Македонија потребно е да има политички систем кој функционира и институции кои функционираат.

Пред присутните се обратија и германскиот амбасадор во Македонија Томас Герберих, како и пратеникот во германскиот Бундестаг Торстен Фрај. Според Фрај важно е Македонија да оди на патот кон евроатланската интеграција бидејќи мора да се отворат перспективи за луѓето, особено за младите во Македонија кои треба да ја гледаат својата и иднината на своите деца во родната земја.

Податоците покажуваат дека во Македонија работат околу 200 германски претпријатија кои вработуваат околу 20 илјади лица. Минатата година трговската размена меѓу двете земји достигнала 3,15 милијарди евра, а Германија е и еден од најзначајните трговски партнери на Македонија. Околу 20 проценти од вкупниот извоз на Македонија оди за Германија, а околу 15 проценти од вкупниот увоз е со германско потекло.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher