Учесниците се собраа во црквата „Св. вмч. Димитриј“, една од најзначајните православни цркви во Скопјe. Настанот започна со воведно обраќање на Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, кој ја нагласи важноста од меѓуетничкиот и меѓурелигискиот дијалог во земјата.
Подоцна, проф. д-р Анета Јавковска од Православниот Богословски Факултет, даде историски осврт за црквата „Св. вмч. Димитриј“ и зборуваше за тоа како овој верски објект со своето децениско постоење сведочи за одржувањето на соживотот помеѓу верниците од различна вероисповест. Проф. д-р Јовковска се повика на параболата за милостивиот Самарјанин за да истакне како сочувството кај луѓето од различни религии може да поттикне меѓурелигиско и меѓуетничко разбирање. Приказната послужи како потсетник дека вистинскиот напредок во меѓусебната комуникација доаѓа кога ние, исто како Самарјанинот, покажуваме емпатија и солидарност без разлика на нашите разлики.
Студиската посета продолжи низ улиците на Старата чаршија во Скопје, кои се богати со траги од Отоманската империја, каде следна дестинација беше џамијата Мурат-паша, која се наоѓа во срцето на чаршијата. За време на посетата на џамијата, проф. д-р Насер Рамадани од Факултетот за Исламски Науки даде увид во историското и архитектонското значење на самиот верски објект. Тој ја истакна улогата на џамијата како симбол на културната и религиозната разновидност на градот, сместена во простор каде што различни вери коегзистираат со векови. Оваа предавање дополнително поттикна дискусија за тоа како ваквите заеднички простори можат да го промовираат меѓурелигискиот дијалог и разбирање.
По студиската посета на црквата „Св. вмч. Димитриј“ и џамијата Мурат-паша учесниците имаа можност во неформална атмосфера да продолжат со разговорот за време на ручек во ресторан со поглед на реката Вардар и главниот плоштад во Скопјe. Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија, изразува големо задоволство за успешната реализација на уште една заедничка средба во рамки на проектот „Меѓурелигиски час“.
Теми
Integrationsvereinbarungen in Europa und Ableitungen für Deutschland
Indiens junge Demografie und alte Demokratie
Sofia, Plovdiv und das Tal der Rosen
Quantentechnologie und Deutschlands Sicherheitspolitik: Eine Geopolitische Notwendigkeit
Fallbeispiele für den Umgang mit rechtspopulistischen Parteien in Europa