Asset Publisher

Извештаи за настани

Меѓурелигиски час

Во рамки на проектот „Меѓурелигиски час“ на 13 мај (вторник), група од 16-тина студенти, од Православниот Богословски Факултет „Св. Климент Охридски“ и Факултетот за Исламски Науки во Скопјe имаа можност за време на посетите на верски објекти да дискутираат на тема “Практична теологија и педагогија на религијата” со професори кои се врвни познавачи на темата.

Asset Publisher

Сподели

Учесниците се собраа во црквата „Св. вмч. Димитриј“, една од најзначајните православни цркви во Скопјe. Настанот започна со воведно обраќање на Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, кој ја нагласи важноста од меѓуетничкиот и меѓурелигискиот дијалог во земјата.

Подоцна, проф. д-р Анета Јавковска од Православниот Богословски Факултет, даде историски осврт за црквата „Св. вмч. Димитриј“ и зборуваше за тоа како овој верски објект со своето децениско постоење сведочи за одржувањето на соживотот помеѓу верниците од различна вероисповест. Проф. д-р Јовковска се повика на параболата за милостивиот Самарјанин за да истакне како сочувството кај луѓето од различни религии може да поттикне меѓурелигиско и меѓуетничко разбирање. Приказната послужи како потсетник дека вистинскиот напредок во меѓусебната комуникација доаѓа кога ние, исто како Самарјанинот, покажуваме емпатија и солидарност без разлика на нашите разлики.

Студиската посета продолжи низ улиците на Старата чаршија во Скопје, кои се богати со траги од Отоманската империја, каде следна дестинација беше џамијата Мурат-паша, која се наоѓа во срцето на чаршијата. За време на посетата на џамијата, проф. д-р Насер Рамадани од Факултетот за Исламски Науки даде увид во историското и архитектонското значење на самиот верски објект. Тој ја истакна улогата на џамијата како симбол на културната и религиозната разновидност на градот, сместена во простор каде што различни вери коегзистираат со векови. Оваа предавање дополнително поттикна дискусија за тоа како ваквите заеднички простори можат да го промовираат меѓурелигискиот дијалог и разбирање.

По студиската посета на црквата „Св. вмч. Димитриј“ и џамијата Мурат-паша учесниците имаа можност во неформална атмосфера да продолжат со разговорот за време на ручек во ресторан со поглед на реката Вардар и главниот плоштад во Скопјe. Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија, изразува големо задоволство за успешната реализација на уште една заедничка средба во рамки на проектот „Меѓурелигиски час“.

Asset Publisher

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Robert Janev

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
robert.janev@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher