Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Катедра Аденауер 2022 година

На 5 и 13 април, КАС во соработка со Центар за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, Институтот за општествени истражувања - МК91 од Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип организираше две предавања во рамки на Катедрата Аденауер 2022 година.

Asset Publisher

Катедра Аденауер претставува научно - образовна платформа на која студенти, експерти и претставници на академската заедница дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми кои се однесуваат на ЕУ и на идното проширување на Унијата особено по руската инвазија на Украина.

Првото предавање со наслов „ЕУ по руската инвазија – нов потенцијал за забрзан пристапен процес на Западен Балкан?“ се одржа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола на 05 април 2022 година.

Настанот го отворија Давор Пашоски од Фондацијата Конрад Аденауер и Катерина Јакимовска од Центарот за европски студии Вилфред Мартенс, кои ја истакнаа темата и нејзината релевантност за актуелната дискусија поврзана со проширувањето на ЕУ и случувањата во Западен Балкан. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја поздрави организацијата на настанот, по што следеа пораките на Ректорот на Универзитетот во Битола, Сашо Коруноски. Дискусијата ја модерираше Васко Наумовски, Професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје кој елаборираше на различни аспекти од темата. Горан Илиќ, Професор на Правниот факултет во Битола дискутираше за правните аспекти на кризата, нејзиното влијание врз меѓународните правни концепти и тешкотиите при проширувањето на ЕУ. Марјан Ѓуровски, Професор на Факултетот за безбедност го сподели својот став за руското влијание во балканските земји, потребата од соодветен одговор и билатералните односи меѓу земјите од регионот. Јован Андоновски, Професор на Универзитетот во Штип ги презентираше најважните принципи на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, улогата на Европа во светот денес и нејзините односи со Руската Федерација. Кирил Миноски, поранешен Министер за финансии во врска со темата, ги изнесе најновите податоци за финансиските показатели и можните сценарија во наредниот период.

Дискусијата беше проследена со прашања и коментари од студентите и другите експерти присутни на настанот.

Второто предавање со наслов „Безбедност, трговија и меѓународно право - можно влијание од руската агресија врз Украина“ беше организирано на 13 април на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во поздравното обраќање на настанот, Даниел Браун, Официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер ја истакна важноста на темата во светло на последните случувања, особено последиците од војната за Балканот и процесот на проширување на ЕУ. Според Браун, Европската унија треба да зајакне воено, но и да биде поефикасна во процесот на проширување. Тоа, како што посочи, значи дека од една страна ЕУ треба да биде побрза и поефикасна во започнувањето на пристапните преговори, но во исто време сите членки на ЕУ треба да бидат свесни дека во моментов Унијата има поважни прашања, отколку некои билатерални спорови. Тој истакна дека билатералните спорови треба да се решаваат во рамките на ЕУ, а не да се користат како пречка за пристапниот процес.

На ова се надоврзаа Димитар Лилков, Претставник на Центарот за европски студии Вилфред Мартенс и Олга Кошевалиска, Декан на Правниот факултет во Штип, кои дискутираа за правните аспекти и значењето на меѓународното право. Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов ги поздрави панелистите и учениците кои присуствуваа на настанот. Модератор на дискусијата повторно беше Васко Наумовски, кој даде осврт на темата, давајќи ги главните аспекти на дискусијата. Дејан Маролов, Професор на Универзитетот во Штип го сподели своето видување за моменталната фаза од евроинтегративниот процес на Балканот, позицијата на земјите кон руско-украинските односи, давајќи неколку можни сценарија за период што следи. Методи Хаџи-Јанев, Професор на Воената академија ги презентираше воените аспекти на кризата, улогата на НАТО во ситуацијата и можните исходи. Професорот Јован Андоновски зборуваше за важноста на меѓународните конвенции за човекови права и актуелната хуманитарна криза во Украина. Поранешниот Министер за финансии, Кирил Миноски одржа презентација за најновите економско-финансиски движења и влијанието на војната за европската и светската економија.

И на овој настан, студентите, претставниците на медиумите и други присутни експерти имаа можност да ги споделат своите ставови за темите.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher