Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Меѓурелигиски час

von Daniel Braun, Robert Janev

Учиме едни од други за живот едни со други

На 17-ти мај се одржа проектот „Меѓурелигиска час“. Настанот го организираше Фондацијата Конрад Аденауер во тесна соработка со Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ и Факултетот за исламски науки од Скопје. Триесетина учесници, вклучувајќи студенти по теологија, претставници на верски заедници, експерти од областа на религијата и други заинтересирани поединци, учествуваа на настанот со цел да се поттикне значајна размена на идеи и искуства.

Asset Publisher

На отворањето поздравни обраќања имаа Роберт Јанев, програмски менаџер на Фондацијата Конрад Аденауер и проф.д-р. Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“. Подоцна следеше краток осврт на темата од двајцата професори проф.д-р. Дарко Анев, Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ и проф.д-р. Хасан Џило, Факултет за исламски науки.

Потоа групата продолжи со студиска посета на Архиепископскиот соборен храм „Св. Климент Охридски“. Проф.д-р. Дарко Анев на самиот почеток даде свој вовед за Христијанството, симболите и нивните значења. Потоа студиската посета продолжи во Мустафа-пашината џамија, каде што проф.д-р. Хасан Џило одржа кратко предавање за традицијата и симболите во Исламот.

За време на настанот, учесниците имаа можност да поставуваат прашања и да се вклучат во дијалог со останатите присутни. Оваа размена служеше за поттикнување на меѓусебната комуникација помеѓу учесниците од различна верска припадност.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher