Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Филмска проекција "Конференцијата во Ванзе" (2022)

На 30. јануари во Мултимедијалниот центар “Киро Глигоров” (Киноверзум), Штип се одржа проекција на филмот “Конференцијата во Ванзе” (2022).

Asset Publisher

Во рамки на отворањето на филмската проекција свои обраќања имаа Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, г. Горан Садикаријо, извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, г. Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип и проф.д-р Мишко Џидров, проректор за настава на Универзитетот “Гоце Делчев” Штип.

Филмот ја прикажува средбата на водечките претставници на нацистичкиот режим од СС, Канцеларијата на Рајхот, полицијата и администрацијата утрото на 20 јануари 1942 г. во вила на езерото Ванзе во близина на Берлин. Единствената тема на агендата тоа утро беше она што нацистите го нарекоа “Конечно решение на еврејското прашање”: организација на систематско масовно убиство на милиони Евреи низ Европа. Филмот му дава на гледачот увид во шокантната „нормалност“ што се прикажува за време на состанокот додека се разговара за процедурите, организацијата и координацијата, како и за одговорностите за убиството на милиони луѓе како да е тоа секојдневен административен акт.

Настанот се одржа во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот на 27 јануари и годишнината од Конференцијата во Ванзе од 20 јануари 1942 година. Евреите од Македонија како и Евреите ширум Европа беа жртви на таканареченото конечно решение на еврејското прашање во неговата најгруба форма.

Филмската проекција беше организирана во блиска соработка помеѓу Фондацијата Конрад Аденауер и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и поддршка од општина Штип и Универзитетот “Гоце Делчев” Штип.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Robert Janev

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

robert.janev@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher