Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Новата реалност во училиштата - создавање можности со иновации и дигитални решенија

На 17. декември се одржа семинар на тема “Новата реалност во училиштата – создавање можности со иновации и дигитални решенија” наменета за професори по предметот Етика во религиите.

Asset Publisher

На почеток

Настанот беше отворен со поздравни обраќања на Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и отец Бобан Митевски, претседател на Асоцијацијата на професори по Етика во религиите.

На панел дискусијата која следуваше, свои видувања по однос потребата и досегашното искуство од предметот Етика во религиите во наставата имаа Александар Спасеновски, вонреден професор на Правниот Факултет “Јустинијан Први” – Скопје и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. Дискусијата беше модерирана од страна на сестра Ефимија Зајковска, коосновач и координатор на Асоцијацијата на професори по Етика во религиите.

Во работниот дел од програмата Перица Сарџоски, директор за настава во Пегасус ЕЛС презентираше дигитални алатки кои можат да бидат користени од страна на професорите со цел зголемување на интеракцијата и подобрување на квалитетот во наставата.

Присутните на настанот истакнаа дека со изучување на предметот Етика во религиите, учениците се запознаваат, не само со сопствената туку и со религијата на своите врсници а тоа особено придонесува за поголема кохезивност во општеството. Затоа од особена важност во општество кое е мултиетничко и мулти-религиско, да се зачува и да се унапреди статусот на предметот во образовниот систем.  

Овој настан беше организиран во блиска соработка со Асоцијацијата на професори по Етика во религиите “Просветление” а учество земаа професори по предметот Етика во религиите од основните училиштата каде наставата се одвива на македонски и на албански јазик.

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher