Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Политичка академија

Лидери за иднината

Од 30 септември до 1 октомври, КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ го организираа вториот модул на Политичката академија, насловена како „Лидери за иднината“. Наменет за селектирани млади политичари, овој модул опфати стручни презентации и работилници предводени од бројни домашни експерти, актуелни и поранешни политичари, теоретичари во врска со македонската надворешна политика и геостратешките предизвици во контекст на руската воена агресија во Украина.

Asset Publisher

Обуката беше отворена од страна на Давор Пашоски, програмски менаџер во Фондацијата Конрад Аденауер, кој истакна дека продолжува соработката помеѓу КАС и ВМРО-ДПМНЕ на повеќе различни нивоа. Воедно, тој истакна дека оваа соработка треба да придонесе кон градење на капацитетите на партијата, а со цел создавање квалитетни политики во врска со надворешната политика и справувањето со современите предизвици. На отворањето се обрати и Стефан Андоновски, Секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и раководител на ПИАЦ, кој истакна дека овој модул е продолжување на одличната соработка меѓу КАС и ВМРО-ДПМНЕ, како удел во создавањето нови лидери кои успешно ќе ја водат партијата и државата во наредниот период.

Во вториот дел од отворањето, на панел дискусија се вклучија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието – Ане Лашкоска и Петар Ристески. Секој од свој аспект, тие зборуваа за нивниот поглед на работите во врска со градење единство во Собранието, особено земајќи ја во вид меѓународната соработка и претставувањето на државата во странство. Учесниците се согласија дека меѓусебната доверба е корисна за градење на консензус за особено важните прашања за државата и нивна заедничка и соодветна презентација при меѓународните активности, а во истото треба да бидат вклучени сите групи пратеници. Како позитивни примери од минатото беа оценети консензуално донесените резолуции, заеднички позиции, ратификации на меѓународни договори и претставувањето на собранието во интерпарламентарните групи за соработка со странство.

Вториот ден од Политичката академија опфати квалитетни презентации од домашни експерти од областа на меѓународните односи, евроинтеграциите и меѓународните преговори.

Денот го отвори Иванка Василевска, пратеник и професор на Правниот факултет во Скопје. Преку дискусија и историски наратив, професорката Василевска ги анализираше најкрупните геостратешки предизвици на државата. Во поширок историски контекст, анализата се задржа и на најкрупните предизвици со кои се соочува Европа во врска со ефектите од војната во Украина врз поширокиот европски регион.

На присутните се обрати и Зоран Нечев, Раководител на Центарот за ЕУ интеграции на Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје кој се осврна на евроинтеграциите на државата, како и предизвиците кои се појавуваат и кај државите-кандидати, но и во институционалните текови во рамки на Европската унија и државите-членки. Нечев ги анализираше и директните односи помеѓу ЕУ и Западен Балкан во светло на новите политички и безбедносни случувања.

Специјален гостин на првиот ден беше Емил Димитриев, поранешен премиер и докторанд на социолошки науки. Во динамичната дискусија со присутните, Димитриев се осврна околу своето искуство во справувањето со крупни меѓународни предизвици, како што беше примерот на мигрантската криза од периодот на неговото управување со владата. Димитриев се задржа и на војната во Украина и безбедносно-економските проблеми кои таа ги создава за помалите држави, како и важноста на членството во НАТО.

Денот беше затворен со интересна работилница која се однесуваше на преговорите како една од основните алатки на меѓународните односи. По исцрпната презентација за основните теоретски белези на преговорите како алатка, се премина кон инклузивна работилница во која учество земаа сите учесници. Замислена како пример за симулација на мултилатерални меѓународни односи, работилницата им даде задача на сите учесници да преговараат во одбрана на сопствените национални интереси и да се изборат за најдобриот резултат. Истата беше модерирана од Стефан Андоновски.

Во вториот дел од работилницата, која се одржа последниот ден од Политичката академија, учесниците ги анализираа важните аспекти на мултилатералните преговори, вештините, значењето и карактеристиките, како и методите кои се корисни за преговарање.

Завршниот ден од вториот модул на Политичката академија го продолжи, Христијан Конески, правник во Судот за човекови права во Стразбур. Конески се фокусираше на значењето на судот во институционалната заштита на човековите права на граѓаните кои живеат во државите членки на Советот на Европа. Конески ги адресираше и процедурите и начините за заштита на овие права, како и ефектите на пресудите.

Во делот на заклучни согледувања на обуката, плодните дискусии ги заклучија Давор Пашоски, од Фондација Конрад Аденауер и Стефан Андоновски, Раководител на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“. Овој дел опфати дискусија со присутните членови во врска со потребите и приоритетите на политичката академија.

Во таа смисла, КАС и ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжуваат со исклучително плодната заедничка соработка.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher