Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Политичка академија 2022

Стратегија и визија во време на криза

Од 28 до 30 октомври, КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организираше уште една од серијата политички академии, овој пат наменета за највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ на тема: „Стратегија и визија во време на криза“. Овогодишната Политичка академија опфати стручни презентации и работилници предводени од бројни домашни експерти, меѓународни претставници, актуелни и поранешни политичари и теоретичари во врска со раководењето на процеси во време на кризи – од сите аспекти кои се актуелни во моментот.

Asset Publisher

Даниел Браун, Официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденаеур во рамките на своето поздравно обраќање истакна дека „Фондацијата Конрад Аденауер и Партиско изражувачкиот аналитички центар „Љубиша Георгиевски” ја продолжуваат својата плодна соработка во однос на водење на дискусии за развојот на земјата и темите поврзани со иднината. Руската агресија на Украина покажува уште повеќе колку е потребен нов развој во енергетскиот сектор. Голема благодарност до претседателот на партијата Христијан Мицкоски што лично присуствуваше на настанот на Извршниот комитет во Охрид и учествуваше во дискусиите на овие важни теми. Благодарност и до секретарот за меѓународни односи на Европската народна партија, Патрик Фолер, што посебно допатува за овој настан.“ 

На отворањето, свое обраќање имаше и Патрик Фолер, Секретар за меѓународни односи на Европската народна партија (ЕНП), кој истакна дека „Предизвиците на денешницата се многу големи, руската агресија врз Украина, растечката инфлација и недостигот на енергетска безбедност, се само неколку од оваа долга листа. И понатаму се потпираме на нашата партија-членка дека овие општествени предизвици ќе бидат совладани во рамките на нашиот кодекс на вредности и нам ни се потребни јасен заеднички јазик и солидарност за да настапиме заедно и посилни. Сметаме на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја придвижи борбата против корупцијата, ќе ја засили правната држава и ќе продолжи да го гради независното правосудство. Последниот извештај на Европската Комисија покажа дека постои уште многу потреба за дејствување за да се придвижат и спроведат неопходните реформи. Како ЕНП ќе бидеме и понатаму на ваша страна, за по можност брзо вашата прекрасна земја да влезе во Европската Унија, и ова го гледам јасно како заедничка и поделена одговорност.“

Свое обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој, заблагодарувајќи се на соработката со КАС, истакна дека е огромна важноста од креирање успешни и квалитетни политики, стратегии и визионирање, особено имајќи во вид дека државата во моментот се соочува со сериозни екстерни потреси. Мицкоски потенцираше дека во следниот период партијата ќе стави особен фокус на енергетската криза. Воедно тој потенцираше „Учиме од позитивните примери од Германија, благодарни сме на соработката со Фондацијата, и викендов ќе продолжиме да разговараме за перспективите и визијата за иднината.“

Во работниот дел од првиот ден, Мицкоски, од позиција на професор на Машинскиот факултет и поранешен генерален директор на Македонскиот енергетски производен систем (ЕЛЕМ), како и Елена Маркова Велинова, поранешен член на Регулаторната комисија за енергетика и експерт, сеопфатно зборуваа за предизвиците и перспективите во секторот енергетика и економија. При што беше заклучено дека енергетската криза и проблемот на енергетското производство, како и цените на електричната енергија директно се трансформира во финансиска и економска криза.

Вториот ден од Политичката академија опфати квалитетни презентации од домашни експерти од областа на економијата, односите со јавност, комуникациите и надворешната политика.

Денот го отворија Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Стефан Андоновски, Секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, кои зборуваа за состојбите во Европската унија и прашањето на проширувањето. Плодната дискусија донесе до заклучоци за ургентната потреба државата квалитетно да ги спроведува реформските препораки и да ги подобрува состојбите во врска со пристапувањето кон Европската унија.

Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и Илија Димовски, поранешен пратеник се осврнаа на стратешка комуникација и кризен ПР. Панелистите споделија квалитетни предлози, искуства и забелешки за да се изгради квалитетна стратегија во врска со транспарентна и постојана комуникација со јавноста.

Маја Кадиевска Војновиќ, поранешен вице-гувернер на централна банка и член на Извршниот комитет, се осврна на макроекономските перспективи на македонската економија, исцртувајќи ги основните опасности во делот на макроекономијата – високата домашна и екстерна инфлација, неповолните состојби во надворешно-трговскиот биланс, состојбите со странските директни инвестиции, итн.

Работниот дел од денот го завршија Марјан Ристески, поранешен градоначалник на Општина Прилеп, Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид. Панелистите дискутираа во врска со водењето на општините во време на криза и односот (кохабитацијата) со централната власт.

Третиот ден го отвори професорот Александар Спасеновски од Правниот факултет и поранешен пратеник, заедно со Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Миле Лефков, пратеник во собранието. Актуелните и поранешни пратеници ги анализираа процесите во собранието, особено поврзани со улогата на пратениците и собранието во регулирањето на кризните состојби, истакнување на контролната функција на пратениците кон Владата и можностите за подобрување на работата.

На настанот исто така свои обраќања имаа Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Ставрески, поранешен Министер за финансии, кои зборуваа за условите и можностите за инвестирање во период на нестабилност. Економските експерти ја истакнаа исклучително тешката економска перспектива, како и потенцијални можности за изнаоѓање нови мерки за инвестирање.

Во делот на заклучни согледувања на обуката, плодните дискусии ги заклучија Давор Пашоски, Програмски менаџер од Фондација Конрад Аденауер и Стефан Андоновски, Раководител на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“. Овој дел опфати дискусија со присутните членови на раководните тела на ВМРО-ДПМНЕ во врска со потребите и приоритетите кои треба да се направат во наредниот период.

Обуката особено се осврна на визионирање и креирање стратегии за адекватни економско-социјални политики кои гарантираат справување со тешките кризи со кои се соочува државата. Во таа смисла, КАС и ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжуваат со исклучително плодната заедничка соработка.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher