Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Политичка академија 2023: „Лидери за иднината“

Финален модул на Политичката академија

На 28 и 29 октомври, КАС и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски го организираа последниот модул на Политичката академија, насловена како „Лидери за иднината“. Наменет за селектирани млади учесници, овој последен модул опфати стручни презентации и работилници предводени од бројни домашни експерти, меѓународни претставници, актуелни и поранешни политичари, експерти и теоретичари во врска со основите на лидерството, со особен фокус на економските перспективи и предизвици.

Asset Publisher

Првиот дел на модулот беше главно посветен на најзначајните економски белези на македонската економија, како и предизвиците кои ги носат европските кризи, војната во Украина и нестабилностите на финансискиот пазар.

Маја Кадиевска-Војновиќ, Поранешена Вицегувернерка на Народната банка и меѓународен финансиски експерт, во една информативна презентација се осврна на основните макроекономски и финансиски показатели на македонската економија. Војновиќ особено ги анализираше макроекономските перспективи на македонската економија во услови на руската воена агресија во Украина.

Горан Здравковски, експерт за продажба и осигурување, се осврна на микроекономијата и движењето на економските текови во стопанството на државата. Особен фокус на презентацијата беше ставен на ефектите кои ги имаат кризните состојби врз приватниот сектор кој претставува движечка сила на економскиот развој.

Презентација на објавениот стручен труд со помош на КАС имаше и Даме Димитровски, редовен професор на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Трудот, дискусијата и презентацијата во основа се фокусираа на политиките на современата центар-десница и предизвиците поврзани со животната средина. Особено беше значајно да се забележат активностите, проектите и политиките кои можат да се применат за подобрување на состојбите со животната средина.

Вториот ден од модулот опфати квалитетни презентации од домашни и меѓународни експерти од областа на економијата, но и политичкиот систем.

Во работниот дел, свое обраќање имаше Виктор Мизо, директор на КОСТАЛ, една од најзначајните германски инвестиции во државата. Мизо зборуваше за значењето на макроекономските параметри и вкупните состојби во државата во креирањето клима за нови инвестиции, иновации и напредок. Особено важна беше презентацијата која ги анализираше условите и можностите за инвестирање во период на нестабилност на европскиот континент, од страна на Антје Ванделт, Директорка на Делегацијата на германското стопанство.

Свое обраќање во вториот дел имаше и поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Во модерирана дискусија, претседателот од филозофско – политолошки аспект ги анализираше актуелните кризи во Европа во 21виот век. Иванов подвлече дека станува збор за криза на лидерство, заради недостаток на лидерството кај политичарите кои не носат одлуки кои значат напредок.

Свеченото затворање на Политичката академија беше во рамки на темата која се однесува на недостигот од визионерско лидерство, главна причина за одлив на мозоци - Концепт и решенија за подобра иднина на македонските граѓани.

Академијата беше затворена од страна на Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, кој истакна дека продолжува соработката помеѓу КАС и ВМРО-ДПМНЕ на повеќе различни нивоа. Браун анализираше дека „Кога особено помеѓу младите луѓе забележуваме тренд на иселување, причината за ова не се само поголемите плати во другите земји, туку пред сѐ заради фактот што тие не гледаат перспектива во својата земја. Во оваа насока одлучувачка е потребата од значително подобрување на состојбите во здравствениот систем и образованието, исто така, во поглед на екологијата може да се констатира дека состојбите се далеку од ЕУ стандардите, а резултатите од анкетите според кои само 4% од граѓаните имаат доверба во судството доволно говорат за состојбите во оваа сфера. Токму тука треба да се вложат големи напори, за младите да почнат да ја гледаат својата идина во земјата“.

Свое обраќање на свеченото затворање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој, заблагодарувајќи се на соработката со КАС, истакна дека е огромна важноста од вложување во следната генерација политички лидери. „Важно е да го спречиме иселувањето на младите кадри, а тоа можеме да го правиме само со политики кои ќе привлечат капитал и знаење во земјата, ќе креираат околина за натпревар на вредности и знаење, а не на корупција и непотизам. Имаме визија и покажавме како тоа го правиме на локално ниво, а сега сите ние ќе ја имаме шансата тоа да го направиме и на централно ниво“.

На затворањето се обрати и Стефан Андоновски, Секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и раководител на ПИАЦ, кој истакна дека Политичката академија покажала дека ВМРО-ДПМНЕ има млади луѓе кои се подготвени да напредуваат и амбициозно да ги водат новите политики во државата. Потоа се одржа и церемонија на свечено доделување на сертификати на сите учесници на Политичката академија.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher