Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Регионална Летна Школа 2022

von Daniel Braun, Robert Janev

Општество и Религија: Етнички групи, Идентитет и Национализам

Вечерта на 23 август се случи отворањето на регионалната летна школа “Општество и религија: етнички групи, идентитет и национализам”. На настанот учество земаа млади студенти од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија.

Asset Publisher

Школата започна со поздравни обраќања на Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во С. Македонија и Катерина Јакимовска, Постар соработник за настани од Вилфрид Мартенс Центарот за европски студии од Брисел. Следеше проекцијата на документарниот филм “Поделено општество: паралелно известување за еден воен конфликт” и дискусија со Харалд Шенкер, Форум ЗФД. Првиот ден им овозможи на учесниците да се запознаат помеѓу себе и заедно со организаторите за поразговараат за време на заедничката вечер. Воедно документарниот филм поттикна интересна дискусија помеѓу учесниците.

На самиот почеток од вториот програмски ден од Регионалната Летна Школа 2022, креативниот пристап кон предвидените активности стана видлив. Денот започна со тричасовна театарска обука, на која учесниците стекнаа првенствено доверба еден во друг а потоа и преку изведба на сцени од секојдневниот живот, ги анализираа можните решенија од двете страни на чинителите во можната конфликтна ситуација. Работилницата ја водеа Драган Маркоски и Јордан Николовски од Младинската асоцијација Креактив. Во попладневните часови доц. д-р. Јорданка Галева од Правниот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип, одржа предавање за идентитетот, националноста и индивидуалните карактеристики кои се препишуваат кон одредена националност. Вториот работен ден им понуди можност на учесниците да изградат меѓусебна доверба во непознати услови во рамките на театарската обука, која што овозможи основа за дискусијата околу идентитетот и конфликтите која следеше.

Веќе на почетокот од третиот ден во рамките на третиот ден од Регионалната Летна Школа започнавме со работилница водена од страна на Звонко Димоски, Проектен менаџер и Младински работник каде се работеше на тоа како уметноста може да се користи како алатка за изразување и комуникација во мултикултурни општества. Потоа следеше студиска посета на Соборниот храм “Св. Климент Охридски” и разговор со отец Бобан Митевски, посета на Мустафа-пашината џамија и разговор со Агрон Војника и на крај го посетивме Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите и разговаравме со Горан Садикарио. Организираните студиски посети покрај тоа што им понудија на учесниците краток вовед во културата, традицијата и обичаите на трите аврамски религии исто така поттикнаа понатамошна дискусија за време на организираната вечера.

Последниот ден од Регионалната Летна Школа беше резервиран за предавање од страна на проф. д-р. Ненад Марковиќ од Правниот Факултет “Јустинијан Први” од Скопје. За време на предавањето учесниците имаа можност да дискутираат за идентитетот, нацијата и национализмот на овие простори. Крајот беше означен со доделување на сертификати за успешно учество на студентите. Седмата Регионална Летна Школа беше прогласена за успешна. Учесниците можеа да се стекнат со нови знаења, да се запознаат и да дискутираат со своите врсници од 10 различни земји од регионот.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher