Asset Publisher

Извештаи за настани

Регионална Школа 2021

Општество и Религија: Етничка припадност, Идентитет и Национализам

На 06 октомври Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии ја организираа регионалната школа “Општество и Религија: Етнички припадност, Идентитет и Национализам”.

Asset Publisher

Сподели

На школата учество земаа млади студенти и истражувачи од девет земји во регионот како и еминентни предавачи кои заедно имаа прилика да дискутираат за тоа како религијата, етничката припадност и национализмот влијаат врз индивидуата и општеството воопшто.

Работната програма беше поделена на две панел сесии. Во првата панел дискусија учесниците имаа можност да следат предавања во врска со најновите достигнувања и актуелните случувања на следните теми:

Преиспитување на социјалната кохезија во мултиетнички и мултирелигиски општества - Марија Ристеска, Центар за истражување и креирање на политики

Од "Раздели па владеј" до "Обедини и води" наративи - Ненад Марковиќ, Правен факултет „Јустинијан Први“

Менталното и духовнот здравје како основа на човековата благосостојба - Александар Митов, Експерт за јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето

Верски верувања, практики и посветеност - Коста Милков, Балкански институт за вера и култура

модератор: Александар Спасеновски, Правен факултет „Јустинијан Први“

На втората панел дискусија учество земаа говорници од секоја земја учесник во регионот, кои дискутираа на тема како младите од сегашноста ги надминуваат проблемите од минатото. Модератор на панелот беше Иван Јованов, Лидери за образование, активизам и развој.

Ова беше шеста година по ред како школата е организирана од регионален карактер во блиска соработка со Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии од Брисел.

 

Asset Publisher

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Robert Janev

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
robert.janev@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher