Veranstaltungsberichte
На работилницата учество земаа 20 учесници кои се членови на Советот на честа на ЗНМ и членови на комисијата за жалби на СЕММ. На самиот настан тие активно разменуваа идеи, решенија и примери за медиумската етика и граѓанскиот ангажаман во медиумската работа, но и ја нагласија потребата од саморегулација на медиумите во нашата земја.
Исто така беа споделени компаративни примери од Бугарија како земја членка на ЕУ преку претседавачот на националната комисија за медиумска етика Александер Кашумов, но и од извршната директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, Марина Тунева.
На настанот беше промовирана и публикацијата “Етичко известување во медиумите” во авторство на Марина Тунева и Филјана Кока која служи за новинари, студенти по новинарство и други медиумски области но и исто и за засегнати страни кои се заинтересирани за концептот на само-регулација на медиумите, професионално известување од новинарите со особен фокус на известувањето во јавните сервиси.