Asset Publisher

Извештаи за настани

Обликување на демократијата

Дијалог за политичкото лидерство и учеството

Фондацијата Конрад Аденауер организираше настан посветен на демократските вредности, политичкиот дијалог и долгогодишната соработка со партнерите во земјата.

Asset Publisher

Сподели

На 6 октомври 2026 година, во Скопје, Фондацијата Конрад Аденауер организираше настан на тема „Обликување на демократијата: Дијалог за политичкото лидерство и учеството“, посветен на значењето на демократските вредности, политичкиот дијалог и партнерската соработка во земјата.

Настанот обедини бројни партнери, соработници, претставници на институциите и пријатели на Фондацијата, кои имаа можност заеднички да се осврнат на реализираните иницијативи, проекти и активности во изминатите години, како и на придонесот на Фондацијата во поддршката на демократските процеси и меѓународната соработка.

Во своето обраќање Даниел Браун, официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер се осврна на политичкиот ангажман на Фондацијата, нејзината улога во поддршката на демократските процеси, како и на развиените партнерства и заедничките иницијативи реализирани во текот на неговиот шестгодишен мандат.

Свое обраќање имаше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој се осврна на значењето на демократијата, политичкиот дијалог и одговорноста, како и на улогата и придонесот на Фондацијата Конрад Аденауер во демократскиот развој на земјата. Во тој контекст, беше истакнато и значењето на долгогодишната соработка со Фондацијата во промовирањето на демократските вредности, политичкиот дијалог и меѓународната соработка.

Настанот воедно беше организиран и по повод завршувањето на шестгодишниот мандат на Даниел Браун како официјален претставник на Фондацијата во Скопје. Во таа пригода беше направена ретроспектива на бројните иницијативи и заеднички проекти реализирани во изминатите години, како и на партнерствата и пријателствата изградени во текот на неговиот ангажман.

Фондацијата Конрад Аденауер изразува искрена благодарност до Даниел Браун за неговиот посветен ангажман и придонес во работата на Фондацијата, како и до сите партнери и соработници за довербата, поддршката и успешната соработка во изминатите години.

Asset Publisher

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher