Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Создавање на европска општина: политика на интегритет за нула корупција

На 08 февруари 2022 година, во просториите на општината Аеродром, се одржа прес конференција на која беше означен почетокот на реализацијата на проектот: „Создавање на европска општина: политика на интегритет за нула корупција“ кој Фондацијата „Конрад Аденауер“ го реализира во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ и оваа скопска општина.

Asset Publisher

На прес конференцијата се обратија официјалниот претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Даниел Браун, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Сашо Георгиевски и градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Во рамките на овој проект, професори од Правниот факултет ќе изработат студија, прирачник и ќе реализираат едукативни активности со кои натамошно ќе се надогради транспарентноста, отчетноста и доброто владеење во општината Аеродром.

„Верувам дека проектот „Нула корупција“ има многу значајна позадина за локалната самоуправа, што е многу важно за граѓаните. Без разлика дали станува збор за отпадот или нешто поврзано со енергијата, прво се обраќам до градоначалникот, се обраќам кај локалната самоуправа. Пред да преминам на следното ниво, до министрите, се обидувам најпрвин тоа да го решам на локално ниво. Тоа е почетокот. Од исклучителна важност е како ќе бидат употребени јавните средства“ истакна официјалниот претставник на фондацијата, Даниел Браун.

Тој ја поздрави заложбата на градоначалникот Муцунски со која Општина Аеродром ќе стане пример за тоа како треба да се води и управува која било институција на локално и централно ниво. Воедно Браун потенцираше дека фондацијата останува посветен партнер низ имплементацијата на целиот процес и преземањето на конкретни чекори со кои Општина Аеродром ќе се бори против корупцијата.

„Обезбедување општина со нула корупција беше моја лична заложба во кампањата на последните локални избори, а претставува клучен предуслов за функционална и ефикасна општина. Правилата по кои функционираат и работат функционерите во општината, вработените, администрацијата во општината мора да бидат насочени на тој начин да обезбедуваат ефикасен систем на добро управување и добро владеење“, рече градоначалникот Тимчо Муцунски во своето воведно обраќање.

Тој додаде дека системот на добро управување во 21 век предвидува соодветни алатки поврзани со дигитализацијата, насочена кон подобрување на услугите кои се испорачуваат кон граѓаните.

„Во основа на проектот станува збор за испитување на начините на кои ќе се имплементира концептот за интегритет на Општините, концепт кој инаку е меѓународно препознаен и од многу меѓународни организации и кој во основа ги тангира односите, односно го гради интегритетот на организацијата на која се однесува, релациите меѓу вработените, релациите меѓу вработените и раководните лица и сите тие во релација со корисниците на услугите, односно со нас граѓаните. Во коренот, проектот претпоставува идентификување и изнаоѓање на антикорупциски мерки на локално ниво“, појасни деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Сашо Георгиевски.          

Целосната имплементација на овој проект ќе гарантира дека парите на граѓаните ќе завршат на вистинското место и на тој начин граѓаните ќе добијат поголема транспарентност за  работата на општината.

Учесниците го споделија своето заедничко уверување дека европските стандарди за доследно имплементирање на владеењето на правото што ќе се воспостават во општината Аеродром ќе претставуваат мотив повеќе и за нивно соодветно имплементирање во останатите единици на локалната самоуправа во државата.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher