Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Зајакнување на демократските капацитети на локално ниво

Обука

На 04 септември, Фондацијата Конрад Аденауер одржа обука на тема „Зајакнување на демократските капацитети на локално ниво“ за кандидати за градоначалници и некои од потенцијалните кандидати за општински советници, предложени од Алијансата за Албанците. Обуката главно беше фокусирана на теми кои се поврзани со зајакнување на капацитетите на политичарите на локално ниво, како и на теми кои се однесуваат на комуникацијата со јавноста.

Asset Publisher

Настанот го отвори Даниел Браун, официјален претставник на КАС. Браун во својот говор истакна дека локалната политика не е "ниска политика", таа е всушност  политика, преку која директно се доаѓа во контакт со граѓаните, со нивните потреби и очекувања. За тоа е потребна емпатија, можност да се понудат решенија, но пред се комуникациски способности како успешно би можеле да се водат локалните политики.

Според Браун локалната политика во Северна Македонија е соочена со многубројни предизвици на локално ниво, но особено како што тоа го покажаа последните месеци треба да се креираат политиките во областите на инфраструктурата, животната околина и здравството. Токму од тие причини фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија организира тренинзи за активни, но и заинтересирани политичари на локално ниво за да можат во иднина да се посветат токму на овие предизвици. Овие тренинзи се во соработка со политичкиот партнер, Алијанса за Албанците, со кој КАС веќе има изградено односи. На крајот Браун истакна дека како фондација се радуваме што сме во можност на овој начин да дадеме допринос за локалната демократија и нејзиното професионализирање. 

Во својот говор пред кандидатите за време на оваа обука, претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, истакна дека партијата се чувствува одговорна при изборот на кандидати бидејќи е многу важно да се водат општините на правилен начин и да се зголеми квалитетот на животот на граѓаните. Според Села, заложба на Алијансата за Албанците ќе биде соодветна децентрализација на власта, со посебен акцент на фискалната децентрализација и здравството.

Вовед во работниот дел од обуката даде Марко Панковски од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС), кој во своето излагање говореше за локалната самоуправа во земјата при тоа давајќи краток историски преглед и правна рамка на локалната самоуправа, ингеренциите и поставеноста на единиците на локалната самоуправа, за изборниот модел за локални избори, како и за општините во услови на Ковид-19. Неритан Сејамини од Универзитетот во Тирана одржа тренинг на повеќе различни теми поврзани со политичката комуникација, јавното говорење, креирањето на политички стратегии и водењето кампањи.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher