Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Зајакнување на капацитетите на пратениците

Улогата на Собранието во време на современите демократски предизвици

Од 06 до 08 април, КАС во соработка со Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ го организираше тренинг семинарот наменет за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, насловена како „Зајакнување на капацитетите на пратениците: Улогата на Собранието во време на современите демократски предизвици“. Овој настан опфати стручни презентации и работилници предводени од бројни домашни експерти, меѓународни претставници, актуелни и поранешни политичари, експерти и теоретичари во врска со адекватното презентирање на пратениците во Собранието, комуникација со граѓаните, градење стратешки пристап кон превенција и менаџирање на современите демократски предизвици во македонското општество.

Asset Publisher

Обуката беше отворена од страна на Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, кој истакна дека продолжува соработката помеѓу КАС и ВМРО-ДПМНЕ на повеќе различни нивоа. „Ми претставува огромно задоволство што Фондацијата Конрад Аденауер има можност да организира тренинг за јакнење на капацитетите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Иако голем дел од пратениците имаат зад себе повеќегодишно искуство во својата работа, сепак континуираната надоградба како во однос на персоналните компетенции така и во однос на повеќе тематски области, е секако од огромна корист не само за секој еден пратеник во насока на унапредување на неговите комуникациски и презентациски вештини, но и воопшто придонесува во насока на унапредување на работата на парламентот и демократијата во земјата.“ Браун ја подвлече поддршката која КАС ја дава за јакнење на капацитетите на повеќе структури од ВМРО-ДПМНЕ, како и директната поддршка кон највисокото раководство.

Европратеничката од редовите на Европската народна партија Марион Валсман ја поддржа иницијативата обраќајќи се до присутните преку видео врска. Во рамки на своето обраќање таа го охрабри партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ да се посвети на унапредување на партиската програма, политичките стратегии како и персоналните компетенции, и да им пристапи со оптимизам на следните парламентарни избори. Таа истакна дека партијата има пријатели и поддржувачи во Европа и дека и покрај сите препреки и предизвици, ЕУ ќе ја придружува земјата во нејзиниот интегративен процес.

Свое обраќање имаше и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заблагодарувајќи се на соработката со КАС, истакна дека е огромна важноста од градење кохерентност и подобрување на капацитетите на пратениците. „Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата покажува интегритет и прави сѐ за да ги заштитува интересите на граѓаните во Собранието. Ние мораме да се справуваме со надворешно-политичките, домашните, економските и структурните предизвици со кои се соочуваме“ истакна Мицкоски. Ваквите настани, според Мицкоски, овозможуваат сите на едно место, на тркалезна маса да разговараат за актуелната состојба и за активната улога на пратениците и политичарите да бидат вистински сервис на граѓаните.

На отворањето се обрати и Стефан Андоновски, Секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и раководител на ПИАЦ, кој истакна дека овој тренинг-семинар е продолжеток во соработката помеѓу КАС и ПИАЦ во корист на сите структури во рамки на партијата. Андоновски посочи дека структурната и системската поддршка од КАС се чувствува во напредокот и градењето нови вештини за политички активните граѓани.  

Во вториот дел од отворањето, на панел дискусија се вклучија и Никола Мицевски, Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, како и Жаклина Пешевска, Пратеничка и Претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Во плодна дискусија, присутните ги подвлекоа улогата на Собранието во време на современите предизвици за демократијата, можностите и начините за подобрување на позиционирањето на пратениците, како и подобрување на комуникацијата.

Експертите за комуникација и медиуми кои ја спроведоа обуката во текот на вториот ден, низ практична работа и дискусии, се фокусираа на потребата од стратегиско комуницирање со јавноста, зајакнување на вештините за убедливо зборување и за ефективна комуникација на социјалните мрежи. Се дискутираше за предизвиците на кои наидуваат пратениците во комуникацијата со јавноста и во претставувањето на прашањата и приоритетите од јавен интерес.

Завршниот ден од тренинг семинарот го отворија поранешниот пратеник Илија Димовски и Марија Митева, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Димовски се концентрираше на креирање стратешка комуникација во рамки на Собранието, како и правилно комуницирање со граѓаните, преку алатките кои се присутни. Марија Митева модерираше дискусија во рамки на прашањето на комуникација со граѓаните, осврнувајќи се на важноста на дигитализација и социјалните медиуми.

Во понатамошната дискусија, Александар Спасеновски, Професор на Правниот факултет и поранешен пратеник, дискутираше за стратешкото позиционирање на пратениците во опозиција, анализирајќи податоци и информации достапни во различни анализи.

Во делот на заклучни согледувања на обуката, плодните дискусии ги заклучија Давор Пашоски од Фондација Конрад Аденауер и Стефан Андоновски, Раководител на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“. Овој дел опфати дискусија со присутните пратеници во врска со потребите и приоритетите на пратениците во периодот кој следува.

Во таа смисла, КАС и ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжуваат со исклучително плодната заедничка соработка.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher