На отворањето, преку видео врска, се обратија и Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер како и Марион Валсман, Пратеничка во Европскиот парламент.
Во своето поздравно обраќање, Официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер истакна "Парламентот е законодавен дом. Пратениците работат за сите македонски граѓани. Затоа важно е секој пратеник, се разбира водејќи се од сопствените политички убедувања, да се залага за доброто на сите. Нам како фондација Конрад Аденауер ни претставува особено задоволство што ќе имаме можност со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги дискутираме сите овие аспекти бидејќи веруваме дека и за доста искусните пратеници оваа иницијатива претставува одлична можност за унапредување на работата на пратениците и нивниот ангажман во парламентот".
При нејзиното поздравно обраќање Марион Валсман, Пратеничка во Европскиот параламент истакна дека 2024 е најважната изборна година во нашето време и иднината годинава ќе се решава не само со изборите во САД и Индија, туку и со изборите во земјава и во Европската Унија. Притоа таа додаде дека „Успехот на европските демохристијански партии почива на нашата соработка и вредностите што ги делиме. Со нашето единство и решителност можевме да постигнеме многу. Затоа и сум цврсто убедена во тоа, ако ги обединиме силите со понатамошна соработка со ВМРО-ДМПНЕ ќе можеме да придвижиме многу...“
Пред присутните се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ја истакна важноста на транспарентната и отворена и отчетна комуникација со граѓаните, во време на кампања, но и по преземањето на одговорноста да се води државата. Мицкоски се заблагодари на соработката со КАС, истакнувајќи дека таа соработка ќе продолжи и во иднина.
Пред присутните свое излагање имаа и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски. При што говорниците се задржаа на важноста на директната комуникација со граѓаните, како и искористувањето на сите алатки за комуникација кои им стојат на располагање на политичките активисти. Дополнително во своето излагање Мицевски зборуваше за новиот Деловник на Собранието, како и за работата и функционирањето на пратениците во законодавниот дом. Според него со новиот деловник во Собранието ќе има предвидливост на сите собраниски процеси.
Вториот ден започна со панел дискусија со Ѓоргија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, Гордана Димитриеска Кочоска, Владо Мисајлоски и Тимчо Муцунски на теми кои се однесуваа на улогата на пратениците во комуникацијата и соработката во рамки на изборните единици.
Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен новинар, во интерактивна дискусија го опфати прашањето на клучните комуникациски пораки, подготовка и испорака на ефективна и ефикасна порака, важноста на пораката, како и правилното комуницирање на политиките во јавност.
Понатаму, долгогодишниот новинар и уредник Славица Арсова, преку работилници ги вклучи учесниците во систематска подготовка на одржување прес конференција, успешен пристап во интервју и подготовка за јавна дебата.
Последниот ден од тренинг-семинарот се осврна на комуникацијата преку социјалните медиуми. Околу правилното сопствено претставување во дигиталниот простор зборуваше експертот за дигитални медиуми, Стојче Стаменковски, кој се осврна во делот на дигиталните медиуми, анализирајќи и претставувајќи ги каналите, стратегиите и пристапот на овие нови медиуми.
Во делот на заклучни согледувања на обуката, кон дискусиите се приклучија и Давор Пашоски, од Фондација Конрад Аденауер и Стефан Андоновски, Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ. Овој дел опфати дискусија со присутните пратеници во врска со потребите и приоритетите во наредниот период.
Тридневниот настан се осврна на теми како што се улогата на пратениците во ефективната комуникација со граѓаните, комуникација и соработка со општинските комитети во рамки на изборните единици и ефикасни модели на односи со јавноста, етичност во комуницирањето, односите со медиумите, социјалните медиуми и нивната употреба за ефикасна комуникација со различни целни групи, како и стратешко позиционирање.