Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Иднината на медиумите - Младите новинари како шанса за нова ера на медиуми со интегритет и влијание

Работилница

КАС во соработка со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) организираше тридневна работилница насловена како „Младите новинари како шанса за нова ера на медиуми со интегритет и влијание“.

Asset Publisher

На отворањето на оваа работилница беше истакната важноста на улогата на младите новинари во унапредувањето на стандардите во медиумите. Воедно беше нагласена потребата од континуираното зајакнување на капацитетите на младите новинари и подобрувањето на условите за работа во редакциите со цел градење кредибилни медиуми со интегритет и влијание.

Во првиот дел од работилницата беше претставена и новата публикација „Младите новинари како шанса за нова ера на медиуми со интегритет и влијание“ која може бесплатно да се превеземе од веб страните на издавачите КАС и ЗНМ.

Работилницата која беше спроведена во форма на дебатен форум проследен со практична работа го водеа новинарката и ко-основач на Истражувачката Репортерска Лабораторија (ИРЛ) Сашка Цветковска и новинарката од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН), Ана Петрушева.

Сашка Цветковска  го претстави концептот на работа на ИРЛ и пред младите новинари зборуваше за процесот на подготовка на истражувачките приказни и иновациите во презентирањето на истите. Воедно Цветковска ги запозна учесниците со проектот за известување за организиран криминал и корупција – OCCRP како и за последните теми кои ги обработува ИРЛ како редакција, а поврзани со висока корупција и злоупотреба на власт.

Новинарката, Ана Петрушева ги сподели личните искуства од својата долгогодишна работа во новинарството посочувајќи на проблемите и предизвиците со кои се соочуваа и се уште се соочуваат новинарите и медиумските работници. Во тој контекст Петрушева истакна дека има се помалку млади новинари и дека многу редакции се соочуваат со сериозен проблем да најдат нови кадри. При тоа таа ја нагласи важноста за ваков тип на обуки преку кои младите новинари не само што се стекнуваат со нови знаења туку имаат можност да разменат гледишта со поискусните колеги во однос на професионалните стандарди и црвените линии во професијата.

Давид Илиевски истражувач и продуцент во ИРЛ како и Лука Блажев, графички дизајнер во ИРЛ како гости говорници на работилницата пред учесниците имаа излагање на темаСоздавање инфраструктура за аналитички вештини, истражувачки техники, собирање податоци и организирање истражување - Meet Aleph”.

Новинарот Среќко Поповски во својата презентација потенцираше дека ваквите работилници придонесуваат младите новинари да ги сфатат разликите меѓу т.н. обично и продлабочено новинарство. Според него младите новинари на оваа работилница подобро се запознале со истражувачките алатки кои им стојат на располагање и за начините на кои тие се користат, но и за стандардите и начелата кои треба да се почитуваат при изготвувањето на темите на кои работат.

На тридневната работилница која се одржа од 22 до 24 јули во Охрид, учество земаа новинари од повеќе редакции опфаќајќи ги традиционалните и новите медиуми. За време на работилницата беа споделени искуства за развојот на новинарството но и проблемите и предизвиците во новинарската професија. Тридневната работилница заврши со иницијатива за формирање на секција на млади новинари во рамки ЗНМ.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher