Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Војната во Украина и надворешно-политичките предизвици за ЕУ и Западен Балкан

Онлајн дискусија

На 10 март со почеток во 19:30 часот Фондацијата Конрад Аденауер организираше онлајн дискусија на тема: „Војната во Украина и надворешно-политичките предизвици на ЕУ и Западен Балкан“.

Asset Publisher

Настанот го отвори официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер Даниел Браун, кој даде краток вовед во темата, изразувајќи силна загриженост во однос на руската воена агресија врз Украина и реперкусиите од ваквите дејствија врз безбедноста на Европа и регионот. 

Во своето излагање на темата, Петер Бајер, Пратеник во Германскиот Бундестаг на ЦДУ, кој воедно е специјален известувач за трансатлантски односи и регионот Западен Балкан, даде јасна осуда на воената агресија на Русија врз Украина, потенцирајќи дека и земјите во регионот треба да делуваат во оваа насока. Јасната осуда на воената агресија и приклучувањето кон санкциите кон Русија е чин на јасна заложба на земјите од регионот да го следат европскиот пат, вредности и принципи. Од друга страна, истакна Петер Бајер, земајќи ги во предвид зголеменото влијание и дејства на други екстерни актери, неопходно е на регионот да му се испрати силен сигнал во однос на пристапувањето односно ЕУ мора да го интензивира својот пристап кон регионот.

Надоврзувајќи се на аргументите на германскиот пратеник Бајер, Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи, дополнително се осврна на негативните последици за регионот, доколку прашањето за интеграција на регионот се симне од врвот на агендата на ЕУ. Посочувајќи ги критичните точки на влијание на екстерни актери во регионот, како и резултатите од последиците испитувања на јавното мислење кои индицираат на се уште висока, но опаѓачка поддршка на ЕУ, тој истакна дека на регионот му е потребна поголема поттикнувачка енергија и јасна порака од ЕУ во насока на интеграција.

Во оваа насока беа и коментарите и заклучоците изнесени од страна на модераторот на дискусијата д-р Ненад Марковиќ, универзитетски професор и член на Советот за безбедност, согласувајќи се со останатите говорници дека ЕУ треба да ја одржи својата репутација и кредибилитет и да демонстрира поотворена заложба за интеграција на регионот. 

Во својот придонес кон дискусијата д-р Андре Хертел, истражувач при Германскиот институт за меѓународна политика и безбедност, се осврна на геополитичките и историските аспекти кои придонесоа кон актуелната воена агресија на Русија врз Украина. Тој истакна дека во вакви услови ЕУ мора да ја зајакне својата геополитичка улога и да не дозволи европскиот проект да западне во еден вид депресија.

Сите учесници се согласија дека војната во Украина не претставува само чин на агресија, туку и судир на цивилизации, идеи и вредности.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Daniela Popovska

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

daniela.popovska@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher